![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/bc/Southeastern_statistical_region.svg/langmk-640px-Southeastern_statistical_region.svg.png&w=640&q=50)
Југоисточен Регион
регион во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Југоисточен Регион — еден од осумте статистички и плански региони на Македонија.[1] Овој регион се наоѓа во југоисточниот дел на државата и се граничи со Бугарија на исток и Грција на југ и внатрешно со Вардарскиот и Источниот Регион.
Кратки факти Земја, Површина ...
Југоисточен Плански Регион | ||
Регион | ||
|
||
Потекло на името: Името потекнува од местоположбата во Републиката. | ||
Земја | ![]() | |
---|---|---|
Површина | 2,739 км2 | |
Население | 171,416 (2002) | |
Основано | 2009 | |
Часовен појас | UTC +1 | |
Повикувачки бр. | 034 | |
Oпштини | 10 | |
Седиште | Струмица | |
Раководител | Жулиета Ѓуркова | |
Контакт | 034/ 340-139 | |
Портал: Официјално мрежно место | ||
Затвори
Регионот ги опфаќа Струмичко-радовишката и Гевгелиско-Валандовската котлина, односно сливното подрачје на Струмичката река и долното сливно подраќје на реката Вардар. Неговата површина е 2.739 квадратни километри или 11 проценти од територијата на Република Македонија.
Главен град на регионот е Струмица.