From Wikipedia, the free encyclopedia
Јодни оксиди — хемиски соединенија на кислородот и јодот. Јодот има само два стабилни оксида изолирливи во поголеми количини — јод тетроксидот и јод пентоксидот. Се образуваат и разни други оксиди во сосем мали количини. Има и такви за кои се претпоставува дека постојат, но тоа не е докажано. Хемијата на овие соединенија е сложена, и само неколку се добро карактеризирани. Многу од нив се пронајдени во атмосферата и се сметаат за особено важни во морскиот граничен слој.[1]
Молекуларна формула | I2O | IO[3] | IO2 | I2O4 | I2O5 | I4O9 |
---|---|---|---|---|---|---|
Назив | дијод оксид | јод моноксид | јод диоксид | јод тетроксид
(дијод тетроксид) |
јод пентоксид
(дијод пентоксид) |
тетрајод ноноксид |
Структура | I2O | IO | IO2 | O2IOIO | O(IO2)2 | I(OIO2)3 |
Молекуларен модел | ||||||
CAS-број | 39319-71-6 | 14696-98-1 | 13494-92-3 | 1024652-24-1 | 12029-98-0 | 66523-94-2 |
Изглед | непознат | виолетов гас | жолта цврста супстанција | жолта цврста супстанција | бела кристална супстанција | темножолта цврста супстанција |
Оксидациска состојба | +1 | +2 | +4 | +3 и +5 | +5 | +3 и +5 |
Точка на топење | неизолирлив | неизолирлив | неизолирлив | разлож. 100 °C | разлож. 300–350 °C | разлож. 75 °C |
Специфична тежина | 4,2 | 4,8 | ||||
Растворливост во вода | разлож. на HIO3 + I2 | 187 г/100 мл | разлож. на HIO3 + I2 |
Дијодот моноксид е изучуван претежно теоретски,[4] но постојат извесни наоди дека може да се добие на сличен начин како дихлор моноксидот, преку реакција помеѓу HgO и I2.[5] Соединението е многу нестабилно, но може да реагира со алкени и да даде халогенирани производи.[6]
Радикалниот јоден оксид (IO), јод диоксидот (IO2) и јод тетроксидот ((IO2)2) имаат значајна и меѓусебно поврзана атмосферска хемија. Тие се образуваат во многу мали количества во морскиот граничен слој по пат на фотооксидација на дијодометанот, кој го произведуваат макроалгите како морските треви или преку оксидацијата на молекуларниот јод, произведен со реакцијата на гасовит озон и јодидот присутен на морската површина.[7][8] И покрај малите количества (помалку од трилионитинки), тие се сметаат за моќни чинители во осиромашувањето на озонската обвивка.[9][10]
Дијод пентоксидот (I2O5) е анхидрид на јодната киселина и единствениот стабилен анхидрид на јодната кислородна киселина.
Тетрајод ноноксидот (I4O9) е добиен со реакција на I2 со O3 во гасовит облик, но не многу проучен.[11]
Јодните оксиди исто така образуваат негативно наелектризирани анјони, кои (здружени со дополнителни катјони) се составници на киселините или солите. Тука спаѓаат јодатите и перјодатите.
Нивните конјугирани киселини се:
Оксидац. состојба | −1 | +1 | +3 | +5 | +7 |
---|---|---|---|---|---|
Назив | Јодоводород* | Хопојодеста киселина | Јодеста киселина | Јодна киселина | Перјодна киселина |
Формула | HI | HIO | HIO2 | HIO3 | HIO4 или H5IO6 |
• Оксидациската состојба -1 (јодоводородот) не е оксид, туку стои на табелата за потполност.
Перјодатите имаат две варијанти: метаперјодат IO−
4 и ортоперјодат IO5−
6.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.