Црногорска ракометарка From Wikipedia, the free encyclopedia
Јованка Радичевиќ (23 октомври 1986, Подгорица, Црна Гора) - црногорска ракометарка, десно крило на Будуќност.
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
23 октомври 1986 Титоград, СФР Југославија | ||
Националност | Црна Гора | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | 1.69 м (5 ст 7 ин) | ||
Тежина | 66 кг | ||
Позиција | десно крило | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Будуќност | ||
Број | 4 | ||
Сениорски клубови | |||
2004-2011 2011-2013 2013-2018 2018-2019 2019- |
Будуќност Ѓер Ауди ЕТО Вардар ЧСМ Букурешт Будуќност | ||
Репрезентација 1 | |||
2008- | Црна Гора | 159 (874) | |
Освоени медали
| |||
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат за 4 декември 2012 |
Јованка Радичевиќ е родена на 23 октомври 1986 година[1] во Подгорица.
Радичевиќ ја започнала професионалната кариера во екипата на „Будуќност“, во која провела осум сезони (2004-2011) при што освоила седум шампионски и седум титули во Купот на Црна Гора (2005-2011), две титули во Регионалната лига (2010, 2011) и две титули во Купот на победниците на куповите (2006, 2010). Во 2011 година, Радичевиќ се преселила во составот на Ѓер ЕТО од Унгарија и двапати ги освоила шампионската титула и Купот на Унгарија, а во сезоната 2012-2013 со Ѓер ја освоила и Лигата на шампионите, откако една година претходно стигнала до финалето на ова натпреварување. Потоа, таа преминала во екипата на Вардар од Скопје, при што двапати го освоила третото место во Лигата на шампионите.[2][3]
На 17 февруари 2018, Радичевиќ потпишала двегодишен договор со романскиот ЧСМ Букурешт заедно со својте српски соиграчки од Вардар Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ.[4] Со романскиот клуб го освоила Купот на Романија, со победата над Р’мнику В’лча во финалето во кое таа била најефикасна ракометарка со 9 постигнати гола. По одличната сезона на поединечен план во ЧСМ добила неколку награди како што се изборот за најдобро десно крило во романската Лига Национала, а исто така се нашла и во Ол-Стар тимот на Лигата на шампионите.
Во јануари 2019, Радичевиќ заедно со својата сонародничка од ЧСМ Мајда Мехмедовиќ, потпишале договор со Будуќност.[5] Така таа по осум години играње во странство се вратила во клубот во кој ја започнала својата кариера.
Радичевиќ постигнала големи успеси и како репрезентативка на Црна Гора: на Светското првенство во 2010 година го освоила 6. место; на Олимписките игри во 2012 година била поразена во финалето; а на Европското првенство во 2012 година ја освоила шампионската титула при што била прогласена за најдобро десно крило.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.