From Wikipedia, the free encyclopedia
Шангај (кин. 上海, пинјин: Shànghǎi) е еден од четрите „градови-покраини“ во Кина и најголем самостоен град во светот. Самиот град се наоѓа во провинцијата Џиангсу.
Шангај 上海 | |
---|---|
Општина | |
Општина Шангај · 上海市 | |
Поглед на Пудунг | |
„Бундот“ во Пусји | |
Местоположба на општината Шангај во рамките на НР Кина | |
Координати: 31°12′0″N 121°30′0″E | |
Земја | Кина |
Населен | V–VII век |
Обединет - Град | 751 |
- Реон | 1292 |
- Општина | 7 јули 1927 |
Админ. поделба - Реонско ниво - Месно ниво | 18 окрузи, 1 околија 220 гратчиња и села |
Управа | |
• Вид | Општина |
• Општински секретар на КПК | Ји Џенгшенг |
• Градоначалник | Хан Џенг |
Површина[1][2] | |
• Општина | 7.037 км2 (2,717 ми2) |
• Земјишна | 6.340 км2 (2,450 ми2) |
• Вода | 679 км2 (262 ми2) |
• Градска | 5.299 км2 (2,046 ми2) |
Надм. вис.[3] | м | 4
Население (2009)[4] | |
• Општина | 19.210.000 |
• Густина | 2,700/км2 (7,100/ми2) |
Час. појас | Кинеско стандардно време (UTC+8) |
Поштенски бр. | 200000 – 202100 |
Повик. бр. | 21 |
БДП[5] | 2009 |
- Вкупно | CNY 1.49 трилиони US$ 218 милијарди (8ма) |
- по жител | CNY 77,564 US$ 11.361 (1ва) |
- Пораст | ▲ 8.2% |
ИЧР (2006) | 0.917 (1ва) |
Претставки на рег. табл. | 沪A, B, D, E, F,G ,H, J 沪C (предградија) |
Градски цвет | Јиланска магнолија |
Мреж. место | www.shanghai.gov.cn |
Шангај | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Кинески | 上海 | ||||||||||||||||||
Буквално: | на вода | ||||||||||||||||||
|
Шанхаj е најголемиот град во Кина. Населението му брои 13.271.000 жители, а заедно со околината брои 17.420.000 жители. Самиот град се состои од повеќе градски населби, а меѓу нив има и такви кои се делат на англиски, француски, американски, заедно со кинеската развиена архитектура. Се наоѓа на делтата на реката Јангцекјанг. Името „Шангај“ буквално означува „на море“. Градот го пресекува и реката Хуангпу. Во почетокот Шангај бил тивко риболовно гратче, но до почетокот на XX век Шангај станува најважниот град во Кина. Како трговски град е познат уште од 12 век, но дури по поразот на Кина во Првата опиумска војна (1839-1842) започнува да се отвора за европското население, поради кое брзо и се развива.
Шангај во даден момент дори се превраќа во третиот најголем финансиски центар во светот, по Њујорк и Лондон, и најнатоварениот трговски град од Далечниот Исток.
По доаѓањето на комунизмот во 1949 година, Шангај најмногу пострадува од тешките даноци поставени од страна на новата централна власт како и од навлегувањето на странски капитал, додека многу од "буржоаските" елементи во градот исчезнале.Со враќањето на пазарната економија во 1992 година, градот успева одново да ги надмине брзо развиените градови како Шенџан и Гуангџоу.
Во еден голем дел од градот странците оствариле голем суверенитет со помош на привилегии. Поради тоа на ова место се развиле големи националистички и револуционерни движења. Во 1927 година на чело дошле комунистите. За време на зазимањето на градот во 1937 година од јапонците исто така градот се здобил со многу последици.
Денес Шангај се смета за еден од моторите на кинеската економија и финанси. Шангај има и своите проблеми како големата имиграција и социјалната нерамномерност помеѓу бедни и богати.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.