село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
Чифлик — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Чифлик | |
Општина | Штип |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 30069 |
Надм. вис. | 670 м |
Чифлик на општинската карта Атарот на Чифлик во рамките на општината | |
Чифлик на Ризницата |
Селото се наоѓа во западните падини на Плачковица, оддалечено 20 километри јужно од Штип на стариот пат којшто водел од Штип за Радовиш, но не во долината на Крива Лакавица. Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри.
Атарот зафаќа простор од 6,8 км2. На него шумите зафаќаат површина од 390 ха, на пасиштата отпаѓаат 174 ха, а на обработливото земјиште 97 ха.[2]
Во XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чифлик живееле 602 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чифлик имало 688 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[5]
Населбата е мала, населена со македонско население и е во фаза на целосно раселување. Таа, во 1961 година броела 88 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само девет жители.
На пописот од 2002 година, селото имало 7 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 100 | 98 | 88 | 50 | 24 | 7 | 9 | 7 | 0 |
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2311 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница на селото Љуботен.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.