црква во населбата Варош From Wikipedia, the free encyclopedia
Свети Петар и Павле — црква во селото Варош, непоссредно до Прилеп. Се смета дека е изградена некаде околу 14 век.Нејзината градба е најмногу споредувана со црквата Св.Никола. Таа е еднокорабна градба со полуобличест свод. Дел од старата црква кој бил срушен е обновен. Денешниот изглед и местополжба на храмот е од функционален карактер , со тоа што се наоѓа во источниот дел од населбата Варош, односно на патот кој води до останатите цркви. Во внатрешнота живописноста е делумно зачувана во неколку композиции. Црквата претставува регистриран споменик на културата.[1]
Св. Петар и Павле | |
Поглед кон црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Варошка |
Местоположба | |
---|---|
Место | Варош |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Петар и Павле |
Изградба | 14 век |
Архитектонски опис | |
Црквата се наоѓа во источниот дел на населбата Варош во Прилеп.[2]
Не се сочувани никакви историски податоци, ниту натписи за времето кога е подигната и живописана.[2]
Црквата е градена со скромни димензии и има облик на еднокорабна градба со нагласена височина. Апсидата е полукружна однадвор и оди до висината на корнизот од самата црква. По својата архитектурна концепција и изразеност, има тежнеење на поголема полихромираност на фасадите.[2]
Градена е од камен и цигла. Во ѕидовите на црквата вградени се антички споменици и керамички украси. На црквата се изведени преправки, кои најдобро се забележуваат на јужниот ѕид, кој во поголем дел е реставриран и на сводот. Внатрешноста на црквата украсена е со фрески во четири зони. Сочувани се остатоци на фрески на западниот и северниот ѕид. Од композициите подобро се сочувани: „Патот на Голгота“, „Христовото оплакување“ на северниот и „Успението Богородично“ на западниот ѕид.[2]
Во поглед на уметнички квалитет, фреските заостануваат зад изведбите кои може да се видат во прочуените споменици од 14 век. Според методот на композиција, цртежите и боењето, фрескоживописот може да се каже дека потекнува од XIV век.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.