From Wikipedia, the free encyclopedia
Терминот хелиофизика всушност значи „физика на Сонцето“ (претставката „хелио", доаѓа од античкиот збор hḗlios, кој значи Сонце), и се користи само во оваа смисла. Во минатото , хелиофизиката се однесувала само на површинските слоеви на ѕвездите, всушност била синоним за она што го знаеме денес под името „сончева физика“.Во 1981 година, го добива правилното значење, означувајќи ја физиката на целото Сонце: од центарот па сè до короната на Сонцето.[1][2] Зборот е добиен од буквалниот превод од францускиот збор héliophysique, кој е воведен за да се разликува од сончевата физика. Така станува субдисциплина на хелиологијатаy.[3] Во почетокот на 21-от век значењето на овој термин е проширен од страна на Д-р Џорџ Сиско на Универзитетот во Бостон, за да ја вклучи физиката на хелиосферата (просторот околу Сонцето и надвор од короната, каде сончевиот ветер се среќава во меѓуѕвездениот простор но исклучувајчи ги сите планети и други кондензирани тела) иако Сисковиот изглед на дисциплината не го содржи најголемиот дел од вистинската сфера. Сисковиот термин бил ограничен од Дирекцијата за научна мислија на НАСА за означување на студија на хелиосферата и телата коишто се во интеракција - особено планетарните атмосфери и магнетните сфери, сончевата корона , и меѓуѕвезденот простор. Хелиофизиката се занимава и со некои други дисциплини, вклучувајќи ги сончевата физика и ѕвездената физика, некои гранки на јадрената физика, физиката на плазната, вселенската физика и магнетосферската физика. Сончевиот ветер е во интеракција со магнетизираните планети, разложувањето на ветерот, ефектите на сончевата активност на планетарните магнетосфери. Кофигурацијата на сончевото магнетно поле е од Сонцето до Хелиопаузата. Неодамнешното проширување на хелиофизиката е тесно поврзано со проучувањето на времето во вселената и феномените што влијаат на неа, а со тоа и на климатологијата.
„Хелиофизиката“ е дел од четирите поделби во рамките на Дирекцијата за научна мислија на НАСА (Науката за Земјата, Планетарната наука, Хелиофизиката и Астрофизиката) [4] .Насловот го поедноставува името на „Sun--Solar-System Connections“ дивизијата (а пред тоа, и „Sun-Earth Connections“ дивизијата).
НАСА исто така направи ограничувања на терминот хелиофизика во името на Интернационална хелиофизичка година in 2007-2008.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.