Тишри

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тишри

Тишри или тишреј (хебрејски: תִּשְׁרֵי или תִּשְׁרִי; од акадски ташриту, „почеток“) — првиот месец од граѓанскиот и седмиот месец од верскиот еврејски календар (чија година почнува на 1 нисан). Името му е од вавилонско потекло. Ова е есенски месец со 30 дена. Обично се паѓа во септемвриоктомври од грегоријанскиот календар.

Повеќе информации Реден број:, Денови: ...
елул       тишри (תִּשְׁרֵי)       хешван
Јом кипур
Јом кипур

Вториот најсвет ден во еврејскиот календар,
Јом кипур (Ден на покајание)
се празнува на 10 тишри
Реден број: 7
Денови: 30
Годишно време: есен
Грегоријански: септември–октомври
Затвори

Во Танахот (Стариот завет), пред Вавилонското ропство, месецот е наречен етаним (אֵתָנִים).[1]

Во неговото капитално дело „Загадочните броеви на хебрејските цареви“ (The Mysterious Numbers of the Hebrew Kings), американскиот богослов Едвин Р. Тиле заклучува дека Јудејско царство ги броело годините по граѓански, почнувајќи од тишри, додека пак Израелско царство почнувало да брои од верската Нова година во нисан.

Празници во тишри

1-2 тишри: Рош ашана (Нова година)

3 тишри: Цом Гедаља (Пост на Годолија) — на 4-ти ако 3-ти се паѓа во шабат

10 тишри: Јом кипур (Ден на покајание)

15–21 тишри: Сукот (Сеници)[2]

21 тишри: Ошана раба (Голема молитва)

22 тишри (на 23-ти вон Израел): Шемини ацерет (Осми собор) и Симхат Тора (Радост на Тората)

Тишреј во библиските преданија

1 тишри 2 г. (грег. 3760 г. п.н.е.): Господ ги создава Адам и Ева

Од библиската книга Битие 1:26:

Потоа Бог рече: „Да создадеме човек според Нашиот образ (и) според Нашето подобие како Што сме Ние, кој ќе биде господар над морските риби, над небесните птици, (над ѕверовите) и над добитокот – над целата земја и над сите гадинки што лазат по земјата!” [3]

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.