From Wikipedia, the free encyclopedia
Теодосиј Григоревич Добржански (Добжански) (украински: Теодо́сій Григо́рович Добжа́нський; англ. Theodosius Dobzhansky, рус. Феодо́сий Григо́рьевич Добржа́нский; 24 јануари 1900 , Немиров, Подолска губернија — 18 декември 1975 , Дејвис, САД) бил украинско-американски научник-зоолог, генетичар, ентомолог и еволуционист.
Во 1937 година го објавил својот труд ,,Генетиката и потеклото на видовите‘‘, значаен за развивањето на синтетичката теорија за еволуцијата, односно синтезата на еволутивната биологија со генетиката.
Роден 1900 во Немиров. Учел во Киевскиот универзитет во периодот од 1917-1921. Во 1924-1927 Добжански бил асистент на катедрата по генетика при ЛГУ, а во 1925-1927 година научен специјалист во Бирото за евгеника и генетика на Комисијата за изучување на производствените сили на Русија (КЕПС) АН СССР.
Од 1922 година започнало неговото фасцинирање од генетиката, која станала главно поле на интерес на неговите научни истражувања во текот на животот. Во 1927 година Добжански бил пратен во САД во вселенската позната лабораторија на Томас Хант Морган во период од 1 година. Мисијата се продолжила до 1930 година, но тој не успеал да ја заврши започнатата работа и одлучил да остане во САД.
Како постојан бранител на дарвиновата еволуција и основач на BGA (Behavior Genetics Association, Асоцијација за генетика на однесувањето), Добжански, според Франциско Ајала, сепак "бил религиозен човек"[1]. Добжански зборувал за Господ во смисла дека тој создава преку еволуцијата и се сметал себеси за припадник на источната православна црква.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.