From Wikipedia, the free encyclopedia
Теодорих II[1] (c.485 – 533/4) бил меровиншки крал на Мец, Ремс, или Аустразија од 511 до 533 или 534.
Тој бил син на Хлодовик I со една од неговите први жени или конкубини. Го наследил Мец во 511 по смртта на неговиот татко. Во согласност со салиската традиција, кралството било поделено меѓу четирите сина на Хлодовик: Хилдеберт I во Париз, Хлодомер во Орлеан, и Клотер I во Соасон. На почеток на своето владеење, го испратил својот син Теудеберт да се бори со скандинавскиот крал Хлохилек (Хигелак од Beowulf fame) кој го нападнал неговото кралство. Теудеберт го поразил и го убил Хлохилек.
Теодорих се замешал во војната меѓу турингискиот крал Херманфрид и единствениот негов преживеан брат : Бадерик. Во замена за неговата помош, Теодорих требал да добие половина од кралството. Бадерик бил поразен, но земјата што му била ветена на Теодорих не му била дадена.
Тогаш сите четири сина на Хлодовик се бореле со Зигизмунд од Бургундија и Годомар, кралеви на Бургундите. Годомар побегнал а Зигизмунд бил заробен од страна на Хлодомер. Теодорих се оженил со ќерката на игизмунд. Годомар ја обединил бургундската војска и повторно си го вратил кралството. Хлодомер, помогнат од Теодорих, го поразил Годомар, но умрел во Битката кај Везеронс.
Тогаш Теодорих, со брат му Клотер и неговиот син, ја нападнале Турингија за да му се одмаздат на Херманфрид. Турингија била освоена а Клотер ја добил Радегунда, ќерката на кралот Бертар (починатиот брат на Херманфрид). Откако направил спогодба со брат му Хилдеберт, Теодорих умрел во 534. По неговата смрт престолот на Мец преминал во наследство на Теудеберт. Теодорих имал исто така и ќерка, Теодехилда, од неговата жена Суавегота, ќерката на Зигизмунд од Бургундија.
„Теодорих II“ на Ризницата ? |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.