Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Едвард Џејмс Хјуз (17 август 1930 - 28 октомври 1998 ) бил англиски поет и детски писател, попознат како Тед Хјуз. Критичарите го рангираат во редот на најдобрите поети од својата генерација.[1] Хјуз бил Британски поет лауреат од 1984 сѐ до својата смрт.
Тед Хјуз | |
---|---|
Занимање | поет |
Националност | Британец |
Сопруг/а | Силвија Плат (1956-1963) Керол Орчард (1970-1998) |
Деца | Фрида Хјуз Николас Хјуз (починат) Александра (почината) |
Хјуз бил женет за американската поетеса Силвија Плат, од 1956 до нејзината смрт.[2] Таа се самоуби во 1963 на 30-годишна возраст. Неговиот удел во нивната врска станал контроверзна тема за феминистките и американските обожаватели на Плат. Хјуз никогаш јавно не навлегол во дебата, но неговата последна поетска збирка „Роденденски писма“ (1998) ја обработува нивната комплексна врска.
Во 2008, Тајмс го рангирал Хјуз на четврто место на нивната листа „50 најдобри британски писатели по 1945“..[3]
На 22 март 2010 било објавено дека Хјуз ќе добие место во Вестминстерската опатија.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.