From Wikipedia, the free encyclopedia
Таљатели (италијанскиот tagliare, што значи „сече“) - традиционален вид тестенини од регионите Емилија-Ромања и Марке во Италија. Поединечните парчиња таљатели се долги, рамни ленти слични по форма на фетуцини, и обично се широки околу 6,5 до 10 мм. Таљатели може да се сервира со различни сосови, иако класиката е сос од месо или сос Болоњезе.
Таљатели | |
Вид | Тестенини |
---|---|
Земја на потекло | Италија |
Регион или држава | Емилија-Ромања и Марке |
Главни состојки | брашно и јајца |
Cookbook: Таљатели на Викикниги
|
Таљателите традиционално се прават од брашно и јајца. Традиционалниот сооднос е едно јајце на сто грама брашно.[1]
Легендата вели дека таљателите ги создал талентиран дворски готвач, кој бил инспириран од фризурата на Лукреција Д'есте по повод нејзината венчавка со Анибале II Бентивоглија, 1487 година. Во реалноста, ова била шега која ја измислил хумористот Аугусто Мајани во 1931 година.
Рецептот се викал таљиони од тестенини и сос на начинот на Зафиран и се служел на сребрени чинии.[2] Со текот на годините, таљателите станале вообичаена храна.
Во стаклена витрина во Стопанската комора на Болоња се наоѓа цврста златна реплика на парче таљатела, која покажува точни димензии од 1 мм до 6 мм.[3]
Текстурата е порозна и груба, што ја прави идеална за густи сосови, обично направени со говедско, телешко или свинско месо (како сосот Болоњезе), а повремено и од зајак, како и неколку други помалку богати (и вегетаријански) опции.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.