издание 2017 на италијанската велосипедска трка Страде Бјанке From Wikipedia, the free encyclopedia
Страде Бјанке 2017 — 11. издание на велосипедската еднодневна трка Страде Бјанке, која се одржала на 4 март како петти настан во сезоната на Светската турнеја. Првпат била вклучена во календарот на Светската турнеја.[1][2]
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 11. Страде Бјанке | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2017 1.UWT | ||
Датум | 4 март 2017 | ||
Растојание | 175 км | ||
Држава | Италија | ||
Поаѓалиште | Сиена | ||
Одредиште | Пјаца дел Кампо | ||
Екипи | 21 | ||
Возачи на почеток | 167 | ||
Возачи на крај | 89 | ||
Просечна брзина | 37,141 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Михал Квјатковски (Инеос Гренадиерс) | ||
Второпласиран | Грег ван Авермат (ССС Team) | ||
Третопласиран | Тим Веленс (Лото-Судал) | ||
◀ 2016 | 2018▶ | ||
Документација |
Полјакот Михал Квјатковски (Тим Скај) станал вториот возач, по Фабијан Канчелара, кој освоил повеќе изданија на трката, откако нападнал од група од четворица на околу 15 километри до целта и успеал да остане напред освојувајќи ја трката.[3] Второто место му припаднало на Грег ван Авермат за Ванти-Груп Гобер петнаесет секунди зад него,[4] додека две секунди зад Ван Авермат завршил возачот на Лото-Судал, Тим Веленс, кој го заокружил подиумот.[5]
Како нов настан на Светската турнеја, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Меѓутоа, сите осумнаесет екипи настапиле на трката,[6] првпат на некоја нова трка во 2017 година. Три професионални континентални екипи добиле покана за учество, со што во главната група имало 21 екипа.[7]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
Трката започнала и завршила во Сиена, светско културно наследство на УНЕСКО, втора година по ред, претходно трката започнувала во Сан Џимињано. Растојанието изнесувало 175 километри, целосно во рамките на покраината Сиена. Страде Бјанке е особено позната по своите делови на „бели патишта“ (strade bianche) или „валкани делови“ (sterrati), кои сочинуваат голем дел од трката.
Патеката минувала низ ридест терен на областа Кјанти и вклучувала 11 сектори во вкупна должина од 61,9 километри — во 2016 година девет секунди со вкупна должина од 52,8 километри — на земјени делови.[8] Два сектори се наоѓаат во првите 30 километри, Бањаја и Ради. Првиот сектор е на само 11,4 километри од почетокот; најдолги и најнапорни сектори се во Лучињано во должина од 11,9 километри односно МОнте Санте Мари во должина од 11,5 километри.
Вториот сектор бил именуван во чест на Фабијан Канчелара, по неговата трета победа на трката во 2016 година.[9] Последниот земјен дел се наоѓа на 13,3 километри од целта во Сиена. Трката завршува на сликовитиот плоштад Пјаца дел Кампо во Сиена, по тесното искачување на улицата Вија Санта Катерина во срцето на средновековниот град, со наклон до 16%.
Бр. | Име | Растојание од | Должина (км) |
Категорија | |
---|---|---|---|---|---|
Почеток (км) |
Цел (км) | ||||
1 | Видрита | 11,4 | 163,6 | 2,1 | |
2 | Бањаја | 17,0 | 158,0 | 4,7 | |
3 | Ради | 27,8 | 147,2 | 4,4 | |
4 | Комуне ди Мурло | 38,5 | 136,5 | 5,5 | |
5 | Лучињано | 66,8 | 108,2 | 11,9 | |
6 | Пјеве а Салти | 79,7 | 95,3 | 8,0 | |
7 | Сан Мартино ин Гранија | 107,9 | 67,1 | 9,5 | |
8 | Монте Санте Мари Сеторе Канчелара[8] |
121,0 | 54,0 | 11,5 | |
9 | Монтеаперти | 150,7 | 24,3 | 0,8 | |
10 | Коле Пинцуто | 155,6 | 19,4 | 2,4 | |
11 | Ле Толфе | 161,7 | 13,3 | 1,1 |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извори: ProCyclingStats Cycling Quotient |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.