From Wikipedia, the free encyclopedia
Стефан Ролев ( Долно Врбени, 1865 - Битола, 1969) — македонски војвода од илинденскиот период.
Стефан Ролев се родил во 1865 година, во селото Долно Врбени, во Егејска Македонија, каде го минал детството, а потоа во Битола ја завршил егзархиската гимназија. Тој бил со висок став и атлетски развиен, поради што го добил прекарот „Железниот“. Во 1901 година се вклучил како комита во четата на војводата Марко Лерински, а во илинденскиот период постигнал забележителни успеси и бил познат по неговата суровост кон непријателите. Во тој период, тој бил познат како војводата Бигленски и Лерински.[1]
По пропаста на Илинденското востание, Ролев патувал низ Европа и во САД, каде ги проучувал гимнастиката и другите спортови. По враќањето во Македонија, најголемиот дел од животот го поминал во Битола, каде организирал спортски настани. Така, тој го организирал и учествувал во првиот боксерски меч во Битола, кој се одржал за време на младотурскиот период, а тој настан го снимиле браќата Манаки. По Младотурската револуција, Ролев го основал и првото гимнастичко друштво „Пелистерски јунак“, развивајќи ја физичката култура кај младите во Битола. Притоа, членовите на клубот носеле униформи и вежбале на справи, а настапувале на разни јавни манифестации. Самиот Ролев го привлекувал вниманието со своите вештини: кршење камен на градите, виткање железо, акробатски вежби на велосипед итн. Војводата Ролев починал во Битола, во 1969 година.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.