род растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Стевија (науч. Stevia) — род кој опфаќа околу 240 видови билки и грмушки од семејството на главоцветните (Asteraceae), со потекло од суптроските и тропските подрачја од западна Северна Америка до Јужна Америка.
Стевија | |
---|---|
Цветови на слатката стевија | |
Научна класификација | |
Домен: | Еукариоти |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Ѕвездовидни |
Семејство: | Главоцветни |
Потсемејство: | Главоцветни |
Племе: | Ресници |
Род: | Стевија Cav. |
Видови | |
околу 240 видови, вкл.: Список
| |
Синоними[1] | |
|
Видот слатка стевија (Stevia rebaudiana) е од големо стопанско значење бидејќи содржи соединенија (стевиолни гкликозиди) кои даваат сладок вкус и се преработува во засладувач под општиот назив „стевија“ и неколку трговски називи.[2] Растението се користело од мештаните долго пред неговото воведување на светските пазари.
Родот има 240[3] видови растенија, домородни во Јужна Америка, Средна Америка и Мексико, а неколку видови виреат на север до Аризона, Ново Мексико и Тексас.[4] Наречен е по шпанскиот ботаничар и лекар Педро Хаиме Естеве (1500–1556), професор на универзитетот во Валенсија.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.