From Wikipedia, the free encyclopedia
Стадионот „Благој Истатов“ — фудбалски стадион во Струмица. Сместен е во Градскиот парк, во околината на повеќе спортски објекти. Стадионот е под концесија на ФК Беласица. Тој е изграден во 1950 година. Со реконструкцијата од 2017 година има сместивост за повеќе од 7 и пол илјади гледачи. До 2019 година стадионот го носи името „Младост“, а познат е и како Градски стадион Струмица.
„Благој Истатов“ денес е модерен стадион и според стандардите на УЕФА исполнува услови за квалитетни натпревари од висок ранг, единствен таков во државата заедно со Националната арена.[1] Покрај матичната Беласица, на стадионот своите натпревари ги игра и ФК Академија Пандев. Националната репрезентација на Македонија во неколку наврати има одиграно меѓународни натпревари овде.
Датум | Натпреварување | Противник | Резултат | ||
---|---|---|---|---|---|
ФК Беласица | |||||
— | Квалификации за УЕФА куп 2002/03 | Леишоинс | 2–2 | ||
— | Квалификации за УЕФА куп 2003/04 | Публикум | 0–5 | ||
Фудбалска репрезентација на Македонија | |||||
12 април 1995 | пријателски натпревар | Бугарија | 0–0 | ||
10 февруари 2009 | пријателски натпревар | Канада | 3–0 | ||
5 септември 2017 | Квалификации за СП во фудбал 2018 | Албанија | 1–1 | ||
9 октомври 2017 | Квалификации за СП во фудбал 2018 | Лихтенштајн | 4–0 | ||
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.