Слупчане
село во Општина Липково From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Липково From Wikipedia, the free encyclopedia
Слупчане — село во Општина Липково, во околината на градот Куманово.
Слупчане | |
Координати 42°10′23″N 21°37′40″E | |
Општина | Општина Липково |
Население | 3.654 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 17091, 17591 |
Надм. вис. | 395 м |
Слупчане на општинската карта Атарот на Слупчане во рамките на општината | |
Слупчане на Ризницата |
Подрачјето на Слупчане е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Плачковица на 3 км источно од селото.[2]
Во XIX век селото било дел од Кумановската каза во Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Слупчане живееле 420 жители, од кои 330 Албанци и 90 Роми.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Слупчане имало 160 жители, христијани— патријаршисти.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.000 Албанци и 150 Роми.[5]
Слупчане е голема населба и според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.789 жители, од кои 3.789 Албанци, 1 Влав и 19 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.654 жители, од кои 3.574 Албанци, 1 останат и 79 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 420 | 160 | 1.571 | 1.699 | 1.854 | 2.249 | 2.658 | 0 | 3.107 | 3.789 | 3.654 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.