From Wikipedia, the free encyclopedia
Сапун — алкална сол на вишите масни киселини[1], што главно се користи за перење, миење, капење, како и за чистење, но исто така сапунот е важна компонента на средствата за подмачкување. Може да се најде во тврда агрегатна состојба или во состојба на вискозна течност.
Сапуните за чистење се добиваат со третирање на растителни или животински масла и масти со силно алкален раствор. Мастите и маслата се составени од триглицериди: три молекули на масните киселини прикачени на една молекула на глицерол[2]. Алкалниот раствор, често натриум хидроксид, предизвикува хемиска реакција, позната како “сапонификација“. При сапонификацијата мастите се разградуваат (хидролизираат) при што се добива суров сапун. Маснотиите се трансформираат во соли на масните киселини, a се ослободува глицеролот, оставајќи го глицеринот како спореден производ. Во таквиот сапун, обично се додаваат и други состојки, како боја и мирис, за да се направи попривлечен.
Сапуните го овозможуваат чистeњето благодарение на специфичната структура на нивните молекули. Молекулите на сапунот имаат хидрофилен дел што се раствора во вода, и хидрофобен дел што ги раствора неполарните молекули на мастите. Маснотиите што биле задржани на кожата или ткаенината, со дејствување на сапунот почнуваат да се раствораат во водата благодарение на формирањето “мицели“. Мицелите се составени од неколку десетици или стотици молекули, чии хидрофилни групи се свртени кон водата, а хидрофобните синџири се свртени еден кон друг. Хидрофобниот дел ги раствора мастите од нечистотијата и овозможува нивно отстранување во водениот раствор, во облик на емулзија.
Постојат податоци дека сапунот се употребувал уште во античките Сумер и Вавилон[3] (околу 2800 година пред н.е.). Описи на технологијата за подготовка на сапун се пронајдени во Месопотамија на глинени плочки, што датираат од околу 2200 година пред н.е. Египетски папирус од средината на вториот милениум пред нашата ера сведочи дека Египќаните редовно се миеле со сапун. Слични средства нашироко се користеле и во Древниот Рим.
Произведувачите на сапун во Неапол биле членови на еден еснаф кон крајот на VI век[4], а во VIII век производството на сапун веќе било добро познато во Италија и Шпанија[5] .
Во Европа и САД процесот на варење сапун се појавил кон крајот на 1930-тите години, заедно со процесот на хидролиза на мастите од вода и пареа под висок притисок.
Според хемискиот состав и употребата се разликуваат повеќе видови сапуни.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.