From Wikipedia, the free encyclopedia
Најпревосходен ред на Британската Империја (англиски: Most Excellent Order of the British Empire) — витешки ред основан на 4 јуни 1917 г. од кралот Џорџ V.[1][2] Редот вклучува пет вида на цивилни и воени одликувања.
Постојат пет класи на одликувања, подредени по старешинство:
Само двата највисоки чина сами по себе го прават човекот витез или дама (со титулите „сер“ или „леди“), и им овозможува на добитникот на чинот да ја користат пред своето име титулата „Сир“ (за мажи) или „Дама“ (за жени). Кога се доделува почесно витештво на некој што не е по националност дел од кралството на кралицата Елизабета II, титулата не треба да ја користи пред името.
Редот е критикуван од одредени лица поради неговата поврзаност со идејата за Британска Империја. Членовите на Битлси се прогласени за членови на Редот во 1965 година. Џон Ленон по тој повод изјавил: „Многумина кои се противат на нашето влегување во Редот, станале членови на Редот поради своето херојство во војна - убивале луѓе... Ние го добивме нашето членство поради забавување на луѓето.“ На 25 ноември 1969 година, Џон Ленон го вратил членството во Редот, како дел од неговите мировни протсети.[3]
Меѓу останатите познати личности кои го одбиле или се откажале од членство во Редот се: Винстон Черчил, Вилијам Батлер Јејтс, Дејвид Боуви, Стивен Хокинг, и други.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.