Ратае
село во Општина Јегуновце From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Јегуновце From Wikipedia, the free encyclopedia
Ратае — село во Општина Јегуновце, во околината на градот Тетово.
Ратае | |
Координати 42°2′7″N 21°2′15″E | |
Регион | Долни Полог |
Општина | Јегуновце |
Население | 401 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1228 |
Шифра на КО | 28066 |
Ратае на општинската карта Атарот на Ратае во рамките на општината | |
Ратае на Ризницата |
Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 11 километри североисточно од Тетово.
Во пишани документи наоѓаме дека е стара-прастара населба, која потекнува од XIII век.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Голем дел од месното население на село Ратае потекнува од пограничното село Горанце, денес во Косово, како и од гостиварското село Дуф.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ратае живееле 129 жители, од кои 105 Македонци и 24 Албанци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ратае имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, во селото имало 16 куќи и 232 жители, Македонци и Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 411 жители, од кои 410 Македонци и 1 Србин.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 401 жител, од кои 385 Македонци, 8 Срби и 8 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 129 | 80 | 313 | 376 | 398 | 395 | 420 | 429 | 403 | 411 | 401 |
Ратае е македонско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
Во селото постои избирачкото место бр. 2116 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 348 гласачи.[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.