Порто
град во Португалија From Wikipedia, the free encyclopedia
град во Португалија From Wikipedia, the free encyclopedia
Порто (португалски: Porto, Порту) — втор најголем град во Португалија по Лисабон и еден од големите урбани области на Пиринејскиот Полуостров. Урбаната област на Порто, која се претега преку административните граници на градот, има население од 1,4 милиони жители (2011) [4] на површина од 389 км2,[1] со што е втора најголема урбана област во Португалија. Метрополитенската област на Порто, пак, вклучува приближно 1,8 милиони жители.[5][6][7]
Порто | |||
општина | |||
|
|||
Официјално име: Општина Порто | |||
Потекло на името: португалски: "пристаниште" (или О порто "пристаништето") | |||
Гесло: Antiga, Mui Nobre, Sempre Leal e Invicta (Стар, многу благороден, секогаш лојален и непоразен) | |||
Прекар: A Cidade Invicta (Непобедениот град) A Cidade da Virgem (Градот на Пресвета Богородица) | |||
Земја | Португалија | ||
---|---|---|---|
Регион | Северен регион | ||
Подрегион | Гранде Порто | ||
Округ | Порто | ||
Реки | Дуеро | ||
Центар | Цедофеита | ||
- височина | 104 м | ||
- координати | 41°9′43.71″N 8°37′19.03″W | ||
Највисока точка | Монте Тадеу | ||
- височина | 149 м | ||
- координати | 41°9′22″N 8°36′4″W | ||
Најниска точка | Морско ниво | ||
- местоположба | Атлантски Океан, Фош ду Дору | ||
- височина | 0 м | ||
Должина | 11,57 км, северозапад-југоисток | ||
Ширина | 5,31 км, север-југ | ||
Површина | 41,42 км2 | ||
- градска | 777 км2 | ||
- метрополска | 2.040 км2 | ||
Население | 237.591 (2011) | ||
- градско | 1.474.000[1] | ||
- метрополско | 1.762.524 | ||
Густина | 5.736 /km² (14.856 /sq mi) | ||
Населба | 275 п.н.е. | ||
- Општина | 868 | ||
Градоначалник | Руи Мореира | ||
Municipal Chair | Мигел Переира Леите | ||
Часовен појас | WET (UTC0) | ||
- лете (ЛСВ) | WEST (UTC+1) | ||
ISO 3166-2 код | PT- | ||
Поштенски код | 4000-286 | ||
Повик. број и претставка | (+351) 22[2] | ||
Светско наследство на УНЕСКО | |||
Име | Историскиот центар на Порто | ||
Година | 1996 (#20) | ||
Број | 755 | ||
Регион | Европа и Северна Америка | ||
Критериуми | iv | ||
Демоним | Портуенсе | ||
Светец-заштитник | Пресвета Богородица | ||
Празник на општината | 24 јуни (Свети Јован) | ||
Местоположба на Порто во Португалија
| |||
На Ризницата: Порто | |||
Статистики: Институт за национална статистика[3] | |||
Портал: http://www.cm-porto.pt | |||
Со местоположба на устието на реката Дуеро на северот на Португалија, Порто е еден од најстарите европски градови, и историскиот центар на градот е прогласен за светско наследство на УНЕСКО од 1996 година. Западниот дел од урбаната област на градот се протега до крајбрежјето на Атлантскиот Океан. Населбата датира од пред многу векови, кога била бастион на Римското Царство. Комбинираното келтско-латинско име, Портус Кале,[8] било наведено како потекло на името „Португалија“, врз основа на транслитерација и усна еволуција од латински јазик. На португалски јазик името на градот се пишува со одрреден член („о Порто“ што означува пристаништето).
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.