Подмоље
село во Општина Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia
Подмоље (се среќава и како Подмолје) — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
Подмоље | |
Координати 41°09′39″N 20°45′07″E | |
Општина | Охрид |
Население | 280 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 822 м |
Подмоље на општинската карта Атарот на Подмоље во рамките на општината | |
Подмоље на Ризницата |
Во XIX век селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Подмоље живееле 160 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Подмоље имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Подмоље е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 6 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 331 жител, од кои 325 Македонци, 2 Срби и 4 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 280 жители, од кои 246 Македонци, 3 Срби, 7 останати и 24 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160 | 120 | 75 | 83 | 126 | 176 | 272 | 245 | 269 | 331 | 280 |
Подмоље е македонско село.
Родови во селото се: Лошковци (6 куќи) доселени се од соседното село Оровник; Тодоровци (2 куќи) доселени се од селото Завој; Димовци (1 куќа) доселени се од селото Вапила, каде припаѓале на родот Шандаковци; Велестовчани (6 куќи) доселени се помеѓу двете светски војни од селото Велестово; Завојчани (4 куќи) доселени се кога и претходниот род од селото Завој; Оровчани (16 куќи) доселени се во 1970 година од селото Оровник; Луковчани (10 куќи) доселени се кога и Оровчани од селото Луково; Дебрчани (10 куќи) доселени се од разни села во Дебрца; Безовчани (6 куќи) доселени се од селото Безово; Орманчани (2 куќи) доселени се од селото Орман; Волинчани (2 куќи) доселени се од селото Волино; Охриѓани (2 куќи) доселени се од Охрид; Тетовчани (2 куќи) доселени се од Тетово; Скопјани (2 куќи) доселени се од Скопје; Кумановчани (1 куќа) доселени се од Куманово.[12]
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.