Плешенци
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia
Плешенци (порано: Плешанци) — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Плешенци | |
Поглед на селото Плешенци | |
Координати 41°59′54.96″N 22°08′2.04″E | |
Регион | Источен |
Општина | Пробиштип |
Население | 105 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21026 |
Надм. вис. | 590 м |
Плешенци на општинската карта Атарот на Плешенци во рамките на општината | |
Плешенци на Ризницата |
Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од самиот град Пробиштип во западна насока, на оддалеченост од околу 3,5 километри, поради што селото припаѓа на рурбалната зона на средишното место.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 590 метри.[2]
До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, преку исклучување во самиот град Пробиштип.
Селото се наоѓа во Злетовската област. Сместено е во јужното подножје на Црн Врв (1.200 метри), кој е воедно гранична линија на Злетовската област со Кратово. Домовите (куќите) се сместени околу поток, кој не пресушува ниту во најсушните години и тоа е основен фактор за неговото основање и издршка.
Селото има збиен тип, а поради непресушливиот поток има издолжен вид. Покрај ова, разместувањето на куќите/домовите има и своевидна историска димензија, а тоа е стариот каравански пат кој во средниот век, имал посебно значење, од Штип до Кратово. Околу домовите/куќите како во минатото така и сега има овошни градини во кои се одгледува зеленчук и по некое овошно дрво. Иако, на прв поглед, изглед дека е во безводен, сушен простор, во селото има повеќе чешми и бунари (Стар кладенец, Преслап, Стари крак, Војтим).
Подрачјето на Плешенци е населено уште од доцноантичкото време, за што сведочи наоѓалиштето Градиште во неговата околина.[3]
Во околината на Градиште се откопани некрополи со римски натписи, питоси и друго. Нешто западно од Градиште има место кое се нарекува Селиште или Марешево. Според народното предание, порано селото се наоѓало на месноста Селиште и имало 10-15 домаќинства и истите се преселиле во денешното село кога Влашко стекнала автономија.
Сепак, селото Плешенци е забележано во турските пописни дефтери уште во XVI век и во него се евидентирани 70 христијански и 2 муслимански домаќинства, како и 62 неженети лица. Со тоа, селото припаѓа на големите селски населби во Злетовската област со проценето население од околу 600 жители.
Во 2014 година на селото е официјално преименувано од Плешанци во Плешенци.[4]
Атарот на селото зафаќа простор од 9,6 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 390 хектари, на пасиштата отпаѓаат 274 хектари, а на шумите само 244 хектари.[2]
Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција. Во него работат продавници.[2]
Ако се суди по природно-географската положба населението од Плешенци, во стопанска смисла, се засновува на земјоделството, сточарството и рударството. Во минатото, римскиот период, средниот век и за време на османлиското освојување, рударството претставувало значајна стопанска активност. Подоцна, по згаснувањето на рударството, земјоделието и сточарството, посебно одгледувањето на кози претставуваат главни стопански фактори. Селото имало корист и поради караванскиот пат, кој минувал низ него. Имено, сѐ до изградбата на пругата Солун-Скопје, во Плешенци имало пет ана, во секого од нив можело да преноќеваат по 100 товарни добици. И се остварувале приход од 150-200 гроша за една ноќ. Еден учител од тоа време ќе забележи дека во 1901 година нема ни еден од некогашните анови.
За време на отоманската власт, селото е заеднички тимар на Дервене Курт и Бали и Мехмет (1570 г.). Меѓутоа, во селото се забележуваат и имоти на селани (Логор, Никола Влајо, Степан Стале, Рале, Петре Пројо и Јован Оливер). Подоцна, овие имоти од мештаните преминале во турска сопственост. Меѓу население останало преданието од пред два века дека селото било чифлиг на спахијата Везул, а потоа неговите наследници ќе го продадат на месното население.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Плешенци живееле 275 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Плешенци имало 316 жители, од кои 304 Македонци и 12 Роми, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[7]
Од Плешенци се иселил дел од населението, така што селото преминало од средно во мало село по големина, населено со македонско население. Во 1961 година, селото имало 523 жители, а во 1994 година 278 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Плешенци живееле 168 жители, од кои 167 Македонци и 1 останат.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 105 жители, од кои 101 Македонец, 1 Албанец и 3 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 275 | 316 | 480 | 521 | 523 | 430 | 378 | 290 | 278 | 168 | 105 |
Плешенци е македонско село.[14]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Кон крајот на XIX век, Плешенци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Плешенци, се наоѓале и селата Горни Стубол, Гризилевци, Добрево, Долни Стубол, Дренак, Калниште, Кундино, Марчино, Неокази, Петршино, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Плешенци, во која влегувале селата Горни Стубол, Долни Стубол, Дренак, Плешенци, Петршино и Стрмош.
Во селото постои избирачкото место бр. 1558 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 120 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 108 гласачи.[17]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.