From Wikipedia, the free encyclopedia
Пасифаина група — група повратни неправилни месечини на Јупитер кои следат слични орбити како онаа на месечината Пасифаја и се смета дека имаат заедничко потекло.
Нивните големи полуоски (оддалеченост од Јупитер) се движат помеѓу 22,8 и 24,1 милиони километри (ист опсег како Кармината група), орбиталните наклони им изнесуваат од 144,5° до 158,3°, а орбиталната занесеност им е од 0,25 до 0,43.
Основни членови на групата се следниве (негативниот период означува повратна орбита):[1]
Меѓународниот астрономски сојуз ги задржува имињата кои завршуваат на -e (во меѓународен облик) за сите повратни месечини.
Се смета дека Пасифаината група настанала кога еден астероид бил зафатен од Јупитер и потоа распарчен кога се судрил. Првичниот астероид не бил многу пореметен: пресметано е дека тоа тело имло пречник од 60 км, што е приближно исто со Пасифаја; таа задржува 99 % од изворната маса. Меѓутоа, доколку во оваа група припаѓа и Синопа, тогаш соодносот би бил доста помал (87 %).[2]
За разлика од Кармината и Ананкината група, теоријата за настанок со еден удар не е прифатена кај сите стручњаци. Ова е бидејќи Псаифаината група, иако слична по голема полуоска, е пошироко распрсната во наклонот.[note 1] Друга можност е Синопа да не е дел од остатоците на тој судир, туку да била посебно зафатена.[4] Различните бои на телата (сива кај Пасифаја, светлоцрвена кај Калироја и Мегаклита) исто така упатуваат на тоа дека групата има посложено потекло отколку еден удар.[4]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.