Окситанија [2] (француски: Occitanie; окситански: Occitània; каталонски: Occitània) ― административен регион во Франција, основан на 1 јануари 2016 година со здружување на поранешните региони Лангдок-Русијон и Југ-Пиринеи. На 28 септември 2016 година, Државниот совет го одобрил името Окситанија за новоформираниот регион, а одлуката стапила на сила на 30 септември 2016 година.[3]
Окситанија Occitanie (француски) Occitània (окситански) Occitània (каталонски) | |||
---|---|---|---|
Регион | |||
Поглед на Артиге на Пиринеите | |||
Држава | Франција | ||
Префектура | Тулуза | ||
Департмани | 13 | ||
Површина | |||
• Вкупна | 72.724 км2 (28,079 ми2) | ||
Ранг | 3-то | ||
Население (2019) | |||
• Вкупно | 5.933.185 | ||
• Густина | 82/км2 (210/ми2) | ||
Демоним | Окситанци | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
ISO 3166 | FR-OCC | ||
БДП |
| ||
БДП по глава на жител | €27,449 (номинален; 2015)[1] |
Современиот административен регион е именуван по историскиот регион Окситанија. Регионот Окситанија во денешните граници во најголема мера ја зафаќа територија со која владееле грофовите од Тулуз во 12 и 13 век. Во 2015 година, во Окситанија имало 5.839.867 жители.
Окситанија е втор по големина регион во континентална Франција, зафаќа површина од 72 724 km2; има население од 5,845,102 (2017).[4] На југоисток излегува на Средоземно Море, се граничи со Прованса-Алпи-Азурен Брег на исток, Оверњ-Рона-Алпи на североисток и Нова Аквитанија на запад и северозапад, како и со државите Андора (Каниљу, Анкам, Ла Масана, Урдину) и Шпанија (Арагон и Каталонија) на југ.
Поголеми населени места
Најголеми комуни во Окситанија се (во 2017):[5]
Бруто домашниот производ (БДП) на регионот во 2018 година бил 171,2 милијарди евра, што претставува 7,3% од францускиот БДП. БДП по глава на жител приспособен на куповната моќ бил 26.000 евра или 86% од просекот на ЕУ27 истата година. БДП по вработен бил 102% од просекот на ЕУ.[6]
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.