From Wikipedia, the free encyclopedia
Израел е поделен на 6 окрузи (хеб. מחוזות, „мехозот“, едн. „махоз“) со 15 подокрузи (נפות, „нафот“, едн. „нафа“). Секој подокруг потоа се дели на природни региони (вкупно 50).
Податоците во статијава се преземени од Централната служба за статистика на Израел, и затоа ги опфаќаат сите места под израелска цивилна власт, вклучувајќи ги теритоториите окупирани од Израел. Таков пример е подокругот Голан и неговите четири природни региони кои не се признаени од Обединетите Нации и меѓународната заедница како израелски територии. Наведеното население на Ерусалимскиот округ ги вклучува и жителите на Источен Ерусалим, чие припојување кон Израел исто така нема меѓународна поддршка. Единствено невбројани остануваат жителите на округот Јудеја и Самарија, бидејќи Израел не ја наметнува својата цивилна власт во тој дел од Западниот Брег.
Овој округ претставува географска класификација за израелските населби на Западниот Брег освен Источен Ерусалим и поранешната „ничија земја“ на израелско-јорданската граница близу Латрун. Подрачјето потпаднало под израелска власт по Шестдневната војна (1967) но сè уште не е приклучено кон Израел поради долгите преговори за неговиот статус. Многу Израелци го сметаат за дел од т.н. „Израелска Земја“, но не е признаено како такво од ООН и ниедна странска земја.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.