Ноктите се тврда рожеста обвивка на врвот на прстите од рацете и нозете. Ноктите се најкарактеристичен елемент од анатомијата на човековото тело, но ретко може да се пронајдат и кај некои примати, но не и кај останатите цицачи. Ноктите се слични, по функција и облик, со канџите и шепите од птиците и останатите животни. Ноктите на прстите и нозете се создадени од тврда белковина наречена кератин, белковина од која се создадени роговите на животните.
Делот на ноктот кој се наоѓа во внатрешноста на кожата се нарекува корен, а веднаш до него се наоѓа матрицата. Останатиот дел од ноктот се нарекува плоча, под плочата се наоѓа лежиштето на ноктот. Од преодот од корен кон плоча се наоѓа полумесечеста бела зона која се нарекува лунула.[1]
- Прсти
- Рака
- Нога
- Анатомија на човекот
- Маникир
- Педикир
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.