Неоколонијализам е облик на употреба на економијата, глобализацијата, културниот империјализам и условната помош за влијание врз една земја наместо претходните колонијални методи на директна воена контрола (империјализам) или индиректна политичка контрола (хегемонија). Неоколонијализмот се разликува од стандардната помош за глобализација и развој по тоа што вообично создава однос на зависност, потчинетост или финансиска обврска кон неоколонијалната нација. Ова може да се одрази во непотребен степен на политичка контрола[1] или спирално извршување на должничките обврски,[2] функционално имитирајќи го односот на традиционалниот колонијализам.

Thumb
Кваме Нкрума (на сликата на советска поштенска марка) бил политичар од Гана кој го измислил терминот „неоколонијализам“

Зборот е кованица на францускиот филозоф Жан-Пол Сартр во 1956 година,[3][4] кој за првпат бил употребен од Кваме Нкрума во контекст на африканските земји кои биле подложни на деколонизација во 60-тите години на минатиот век. За неоколонијализмот се расправа и во делата на некои западни мислители како Жан-Пол Сартр (Колонијализам и неоколонијализам, 1964)[5] и Ноам Чомски (Вашингтонската врска и фашизмот на третиот свет, 1979).[6] Постои тековна расправа за тоа дали некои дела на САД и Кина се всушност форма на неоколонијализам.[7]


Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.