From Wikipedia, the free encyclopedia
Наркоманијата се смета како ментално-хигиенски и општествен проблем. Според пишувањата на старогрчките писатели (Хомер 2500 г. п.н.е), Елена, ќерката на Зевс, во виното ставала материја, а потоа им давала на војниците пред борбата, од што тие биле најхрабри и заборавале на болката и жалоста. Денес луѓе лаици и недоволно информирани мислат дека земањето дрога е мода или болест на современото човештво, што е многу погрешно. Денес изборот на дрога е многу голем, а и бројот на оние кои ја консумираат е многу голем. Така, и одгледувањето на дрогата е сè поголемо. Арапите уште во VIII век го прошириле одгледувањето мак сè до Индија и Кина, а хашишот бил прогласен за света билка бидејќи ги отворал патиштата во рајот. Наркоманите и нивното психичко здравје – Денес со сигурност можеме да кажеме дека се болни и несигурни луѓе, но и неспособни да го прифатат животот и да се замислат себе како самстојни личности. Освен честите разочарувања, кај нив се создава уште поголемо незадоволство и револт и кон општеството, како и кон себеси поради неуспехот и немоќта. Наркоманите ги сметаат другите за старомодни. Ова се проектира и врз семејството со омаловажување од средината. Постои мислење, што е сосема прифатливо, дека наркоманите се емоционално незрели, несамодоверливи, невротичари, кои преку дрогата ја ублажуваат напнатоста и конфузноста одејќи во имагинарниот свет на сигурност и задоволство, не водејќи сметка дека тоа е само привремено, а дека со тоа проблемите не се решени. Денешново темпо и начинот на живот го прави современиот човек изолиран од неговата социјална средина. Спореед C3O (Светска здравствена организација ), наркоманијата е синдром кој се состои од следниве симптоми:
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Поради постојаното земање изложени се на хронично труење, бидејќи тоа е супстанција туѓа за организмот на човекот.
Во почетокот земањето дрога не претставува трајна физичка и психичка зависност, но подоцна влегува во метаболизмот на клетките и без неа не може да живее.
Постојат поголем број дроги кои денес се употребуваат (тие значат опасност), но сите дроги немаат наркотично дејство, па наркоманијата се заменува со токсикоманија – кој е поширок поим.
Дрогата може да се подели на:
Старосната структура е различна. Постарите најчесто се кријат, плашејќи се да не ги откријат и плашејќи се од мерките кои би следувале. Помладите се најчесто адолесценти кои бараат друштво за примање дрога во помали или во поголеми групи. Најчесто меѓу наркоманите постои врска поради набавувањето, но и поради начинот на живеење, често се во групи и го менуваат местоо на живеење е се облекуваат упадливо. Бидејќи дрогата е многу скапа, проблем се парите за купување, затоа расте криминалот од лица кои се дргираат.
елта што сакаат да ја постигнат е бегство од реалноста, одење во светот на фантазијата, а во него наоѓаат мир, безгрижност и олеснување.
Според своите ефекти се разликуваат:
Доколку се прекине внесувањето дрога, се јавува апститенцијална криза, а чести се и смртните случаи поради предозирање од хероин. уѓето кои земаат кокаин се претерано плашливи, искажуваат немир, но се зборлести и активни, се развива слика на “кокаинско пијанство”. При пушење хашиш, по неколку минути доаѓа до добро расположение и до зголемено чувство на незадоволство. Се зголемува чувството за бои и звук и интелектуалната способност.
Поради можните позитивни ефекти кои се изразени осбено во почетокот, примањето дрога е опасно и брзо доведува до тешки оштетувања на црниот дроб и на мозокот, а со тоа се скратува и животот. Најголем број наркомани има во периодот на создавање – адолесценција. Поради тоа мерките за превенција се многу сложени, специгични и бараат соодветен пристап. За превенцијата е неопходно учеството на општеството. Со порастот на наркоманијата расте и бројот на заболените од SIDA. Превенцијата треба уште пред да дојде детето на свет, со постоење на посебни советувалишта за брачни партнери, за трудници, стручно водење на бременоста и создавање оптимални услови за развој на детето. За школските деца, адолесцентите и за младите е потребна посебна програма, организирање повеќе предавања на повеќе актуелни теми за нив, бидејќи тие се највулнерабилната (најранлива) категорија од нашата популација. Со поголема информација преку јавните гласила (радио и ТВ), поголемо ангажирање на здравствените служби, социјалните работници, педијатрите, психолозите, педагозите, на Црвениот крст и др.
Лекувањето на наркоманите е тешко и долго. Околу 90% лекувани наркомани во рок од 6 месеци повторно и се враќаат на дрогата. Постојат два вида наркомани кои се лекуваат:
Во современата концепција кај спречувањето на наркоманијата постои:
Во спротивно, строго спроведување на казнените мерки, се во интерес на менталното и телесното здравје на човекот. Порано во Европа пушењето се користело како тераписко средство, а не како средсрво за уживање поради неговото екцитативно дејство. Постоело мислење дека тутунот ги лекува речиси сите болести, според што го добил името “Herba panacea” Во тутунот се наоѓаат повеќе алкалоиди, а од нив најзначаен е никотинот. Никотинот е безбојна течност која лесно се раствора во органска растворувачи, а многу е значаен од токсиколошки поглед. Лесно се ресорбира во лигавицата на усната празнина, желудникот, цревата и во респираторниот систем. Детоксикацијата на никотинот се врши главно во црниот дроб. Неговите метаболитети се излачуваат преку урината, преку млечните жлезди и др. Никотинот влијае врз нервниот систем. Мали дози предизвикуваат недоразбирање, а поголеми ја намалуваат надразливоста. Треба да се истакне дека никотинот е јак отров. Труење од никотин се јавуваат и при акутно и хронично земање. Акутната форма настанува ако за кратко време се испушат повеќе од 15 цигари. Многу е значајно хроничното труење, бидејќи штеното дејство на никотинот е повеќекратно. Многу студии говорат дека најмалку 96% оперирани од карцином на белите дробови биле пушачи. Значи, причина за карцином на белите дробови е пушењето. Никотинот може да предизвика нарушување во гениталните органи кај жените и мажите. Работниците во фабрките за тутун се аменореични (отсуство на менструалниот циклус, крвавење) или имаат нередовен менструален циклус. Кај трудниците е поголем бројот на спонтани абортуси, се раѓаат деца со мала телесна тежина. Треба да се истакне дека пушачите спаѓаат во редот на високоризични групи за настанување на инфаркт поради јаглеродниот моноксид кој се создава при согорување на тутунот, кој доведува до анемизација на ендотелот од крвните садови, при што се таложат масти и неоргански материи, се создаваат “плаки”. Содржината на полониум 210 во цигарите може значајно да ја зголеми дозата на зрачење на белите дробови и да биде блажен фактор за појавата на рак кај пушачите. Се нарушува функцијата на различни ензими (ферменти), се појавува анемија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.