Мислодежда
село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia
Мислодежда — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Мислодежда | |
Координати 41°18′0″N 20°41′35″E | |
Општина | Струга |
Население | 428 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 26033 |
Надм. вис. | 1230 м |
Мислодежда на Ризницата |
Географија и местоположба
Историја
На крајот на XIX век, селото било дел од Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мислодежда живееле 300 жители, сите Албанци.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мисложда е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Албанци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 720 жители, од кои 1 Македонец, 717 Албанци и 2 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 428 жители, од кои 407 Албанци и 21 лице без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 300 | — | 491 | 518 | 520 | 547 | 592 | 14 | 582 | 720 | 428 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Мислодежда е албанско село.
Родови во селото се: Мена (35 к.), Иса (15 к.), Хоџа (15 к.) Мета (15 к.) џилa (15 к.). Родовите Мена,Иса,Хоџа,Мета се најстари во селото кои дошле околу 1760-1780 година, сите родови потекнуваат од областа Лура (во Северна Албанија). Во родот Мена се знае следното родословие: Биза (жив на 65 г. во 1980 година) Адил-Кадри-Алит-Мена, основачот на родот кој се доселил. Во родот Хоџа се знае следното родословие: Ариз (жив на 65 г. во 1980 година) Јашар-Бафте-Јашар-Оџа, основачот на родот кој се доселил.[11]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.