From Wikipedia, the free encyclopedia
Минималистичка музика е стил на музика поврзан за делата на америкаснките композитори Ла Монте Јанг, Тери Рајли, Стив Рајх, Џон Адамс и Филип Глас.[1][2][3][4] Настанува во Њујоркшката даунтаун сцена во 1960-тите години и е првично сметана за форма на експериментална музика наречена Њујоршка хипнотична школа.[5] Истакнати одлики на овој стил се согласната хармонија, постојаниот пулс (доколку не мобилен се нарекува брчало), стагнирачка или постепена трансформација и повторувања на музички фрази или помали фигури, мотиви или ќелии. Може да вклучува и особини како додатни процеси и променување на фазата кои водат до терминот phase music. Минималистичките композиции кои се ослонуваат на строги процеси како техники на компонирање се обично наречени process music.
Започнувајќи во раните 1960-ти години како запуштена андерграунд сцена во алтернативните простори на Сан Франциско и таваните во Њујорк, минимализмот се шири и станува најпопуларниот стил во експерименталната музика во втората половина на 20 век. Движењето на почеток вклучувало десеттина композитори, иако само пет (Јанг, Рајли, Рајх, Глас и подоцна Џон Адамс) испливуваат меѓу јавноста и се најчесто асоцирани за Американската Минималистичка Музика. Во Европа, музиката на Луи Андриесен, Карел Гејвертс, Мајкл Најман, Гевин Брајарс, Хенрик Горецки и Арво Пјарт се смета за европски минимализам.
Не е јасно од каде доаѓа терминот минималистичка музика. Стив Рајх вели дека тој термин му припаѓа на Мајкл Најман. Филип Глас верува дека Том Џонсон е првиот кој го споменува тој термин.[6][7][8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.