Мексико (сојузна држава)
сојузна држава во Мексико From Wikipedia, the free encyclopedia
сојузна држава во Мексико From Wikipedia, the free encyclopedia
Сојузната држава Мексико (шпански: Estado de México, изговорена Естадо де Мехико) е една од 32-те федерални единици на Мексико. Таа е најнаселена, како и најгусто населената држава. Поделена е на 125 општини и главен град е Толука де Лердо .
Сојузна држава Мексико Тлахтохкајотл Мешихко Tlahtohcayotl Mexihco | |||
---|---|---|---|
Сојузна држава | |||
Estado Libre y Soberano de Mexico | |||
| |||
Гесло: Libertad, Trabajo, Cultura(Слобода, работа, култура) | |||
Химна: Himno al Estado de México (Химна на сојузната држава Мексико) | |||
Држава | Мексико | ||
Престолнина | Толука де Лердо | ||
Најголем град | Екатепек де Морелос | ||
Најголема метро област | Големо Мексико | ||
Прием | 20 декември 1823[1] | ||
Ред | 1ва | ||
Управа | |||
• Гувернер | Алфредо дел Мазо Маза | ||
• Сенатори[2] | Делфина Гомес Алварез Игинио Мартинес Миранда Хуан Мануел Зепеда Ернандес | ||
Површина[3] | |||
• Вкупна | 22.351 км2 (8,630 ми2) | ||
25та по површина | |||
Најг. вис.[4] | м | 5.500||
Население (2015)[5] | |||
• Вкупно | 16,187,608 | ||
• Ранг | 1ва | ||
• Густина | 0,00.072/км2 (0,0.019/ми2) | ||
• Ранг | 1ва | ||
Демоним | Мешиканец (Mexiquense) | ||
Час. појас | ЦЧП (UTC−6) | ||
• Лето (ЛСВ) | ЦЧПЛВ (UTC−5) | ||
Поштенски број | 50-57 | ||
ISO 3166 | MX-MEX | ||
ИЧР | ▲ 0.782 висок 15та по ИЧР | ||
Бруто-домашен производ (Номинален) | $91 милијарда[a] ·2ра по БДП | ||
Мреж. место | Службено мрежно место | ||
^ a. БДП-то на сој. држава Мексико било 1,230,628 милиони пезоси во 2015,[6] еднакво на 71.25 милијарди долари на САД, кога доларот вредел 17.2710 пезоси (вредност од 30 декември 2015).[7] |
За сојузната држава Мексико честопати се користи кратенката „Едомекс“ од „Estado de Méxicо“ на шпански јазик, за да се разликува од името на целата земја. Сместена е во југо-средишно Мексико. Се граничи со државите Керетаро и Идалго на север, Морелос и Гереро на југ, Мичоакан на запад, Тласкала и Пуебла на исток,[8] и го опкружува градот Мексико (поранешната сојузна област) од три страни.
Потеклото на државата е на територијата на Ацтешката империја, која останала како политички дел на Нова Шпанија за време на шпанскиот колонијален период. После независноста, градот Мексико бил избран за главен град на новата нација; нејзината територија била одделена од државата. Неколку години подоцна, делови од државата биле растурени за да формираат држави Идалго, Гереро и Морелос. Овие територијални разделби ја оставиле државата со големината и формата што ја има денес, со долината Толука на западниот дел на градот Мексико и географски издадена површина што се протега околу север и исток од овој ентитет.
Името на сојузната држава е едноставно Мексико според Уставот на Обединетите мексикански држави од 1917 година, но за да се разликуваат и градот и земјата, најчесто се нарекува Естадо де Мехико. Демонимот кој се однесува на луѓето од сојузната држава е Мешиканец (mexiquense), различен од Мексиканец („mexicano“), кој ги опишува луѓето од целата земја.
Mēxihco првично било нахуатлово име за мексиканската долина каде градовите на Мешихка (правилното име на Ацтечкиот троен сојуз) се наоѓале. Како таква, областа што станала градот Мексико била позната како Мешихко-Теночтитлан во годините непосредно пред и по шпанското освојување. После шпанското освојување, терминот Мексико се користел за Теночтитлан/град Мексико и за сите пред-освојувани земји што ги контролирал, вклучително и неколку други споменати мексикански сојузни држави првично вклучени во границите на сојузната држава Мексико.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.