Лов
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ловењето или како ловство или лов е дејност чија основна цел е одгледување, размножување, заштита, ловење и користење на дивечот. Основна цел на активностите од овој домен е формирање и трајно одржување стабилни популации дивеч, со оптимална полова и возрасна структура за континуирана репродукција на здрави и квалитетни единки со високи трофејни вредности. Како стопанска дејност ѝ се придава посебна важност, особено од аспект на заштитата на природата.
Во своето дело, „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски го исмејува ловот како нешто глупаво при што, постојано гонејќи го дивечот, ловците не постигнуваат ништо освен што самите се претвораат во диви ѕверови.[1]
Во Македонија, во рамките на секторот за шумарство во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постои посебно одделение за лов, надлежно за целокупната организација и управување на оваа дејност. На Шумарскиот факултет во Скопје, Катедрата за лов ја раководат еминентни специјалисти, чиј придонес во науката и практиката е особено значаен.[2]
Во Македонија постојат 265 ловишта, од кои 250 имаат постојан концесионер. Концесиите за ловишта за крупен дивеч изнесуваат 20 години, а за оние за ситен дивеч - 10 години. Притоа, најголем број ловишта има во околината на Скопје, а повеќето македонски ловишта се за ситен дивеч. Во 2014 година, во државниот буџет влегле 17 милиони денари како приходи од концесии за ловиштата. Истовремено, македонските ловишта ги посетиле околу 40.000 ловци, т.е. бројот се удвоил во споредба со 2005 година, кога нив ги посетиле 20.000 ловци.[3]
Ловот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.