дел од билка From Wikipedia, the free encyclopedia
Листот (мн. листови; бр. мн. листа; зб. мн. лисја) — вегетативен растителен орган чија основна функција е процесот фотосинтеза. Поради ова, по правило, листот има ламеларна (пластовидна) структура, за да можат клетките кои го содржат специјализираниот пигмент хлорофил во хлоропластите, да добијат пристап до сончевата светлина. Листот е и орган за дишење, испарување и гутација (одделување на капки вода) на растението. Лисјата можат да задржат вода и хранливи материи, а кај некои растенија исполнуваат и други функции.
По правило, листот се состои од следните ткива:
Епидермисот е најнадворешниот слој од повеќеслојната структура на клетки и го препокрива листот од сите страни; тој е гранична област меѓу листот и околната средина. Епидермисот има неколку важни функции: го заштитува листот од непотребно испарување, ја регулира гасната размена со околната средина, ги оддава материите од метаболизмот, а во некои случаи впива вода. Повеќето листови имаат дорзовентрална анатомија: горната и долната површина на листот се со различна градба и исполнуваат различни функции.
Епидермисот обично е проѕирен (во неговата градба отсуствуваат хлоропласти или се присутни во недоволно количество) и однадвор е прекриен со заштитен слој со восочна структура (кутикула), кој го спречува испарувањето. Кутикулата на долниот дел од листот е обично потенка отколку на горниот, а е подебела во биотопите со сува клима (за разлика од оние биотопи каде нема недостаток од влага).
Во состав на епидермисот влегуваат следните типови на клетки: епидермални (или движечки) клетки, заштитни клетки, помошни клетки и трихоми. Епидермалните клетки се најмногубројни, крупни и најмалку приспособени. Кај монокотиледоните тие се поиздолжени отколку кај дикотиледоните. Епидермисот е прекриен со пори наречени стоми, кои се дел од поголем комплекс што се состои од вакви пори опколени од сите страни со заштитни клетки со хлоропласти, како и од две до четири странични клетки во кои нема хлоропласти. Овој комплекс го регулира испарувањето и размената на гасови меѓу листот и околната средина. По правило, бројот на стоми на долниот дел од листот е поголем. Кај многу видови на површината на епидермисот се образуваат трихоми.
Најголем дел од внатрешноста на листот, меѓу горните и долните слоеви од епидермис, се состои од паренхим (основно ткиво) или мезофил. Мезофилот се состои од хлорофилсинтетизирачки клетки, па затоа се употребува и називот хлоренхим.
Кај папратите и голем дел од цветните растенија мезофилот е поделен на два слоја:
Лисјата најчесто се зелено обоени поради хлорофилот - фотосинтетски пигмент што се наоѓа во хлоропластите - зелените пластиди. Растенијата кај кои има недостаток или отсуствува хлорофил, не можат да фотосинтетизираат.
Во некои случаи (види растителни химери), како резултат на соматски мутации, на одредени места во мезофилот можно е образување на мутантни клетки кои не синтетизираат хлорофил, поради што лисјата добиваат петнесто (разнобојно или вариегатно) обојување, што е обусловено од наизменичните делови со нормален и мутантен мезофил.
Растенијата во умерените и северните широчини, а исто така и во сезонско-сувите климатски зони можат да бидат листопадни, т.е. нивните лисја со настапување на неблагопријатната сезона отпаѓаат или изумираат. Овој механизам се нарекува листокап. На местото на отпаднатиот лист на гранката се образува лузна - трага од листот. Во есенскиот период лисјата можат да се обојат во жолта, портокалова или црвена боја, бидејќи со намалувањето на сончевата светлина, во растението се намалува производството на зелен хлорофил и листот ја менува бојата поради дополнителните пигменти, какви што се каротиноиди и антоцијанини.
Лисните жилки се всушност спроводно ткиво и се наоѓаат во сунѓерестиот слој на мезофилот. Разгранувањето на жилките, по правило, ја следи структурата на разгранување на растенијата. Жилките се составени од ксилеми - ткива кои служат за спроведување на водата и растворените во неа минерални материи и флоеми - ткива кои служат за спроведување на органските материи кои се синтетизираат во листот. Обично ксилемот лежи над флоемот. Заедно тие го образуваат основното ткиво познато како срцевина на листот.
Според положбата на палисадното ткиво во листот, се разликуваат различни типови на листови.
Листот на скриеносемените растенија се состои од лисна дршка (petiolus), ламина или пластинка и прилисници (stipuli, парни додатоци кои се наоѓаат од двете страни на основата од лисната дршка). Местото каде дршката преминува во стеблото се нарекува влагалиште на листот. Аголот меѓу лисната дршка и горниот интернодиум на стеблото се нарекува пазува на листот. Во пазувата на листот може да се образува пупка (во овој случај позната како пазувна пупка), цвет (познат како пазувен цвет), соцветие (познато како пазувно соцветие).
Овие делови на листот не се среќаваат кај сите растенија. Кај некои видови парните прилисници слабо се изразени или отсуствуваат; може да отсуствува лисна дршка, а структурата на листот може да не биде ламинарна.
Надворешните одлики на листот, како форма, рабови, влакнетост и др. се многу важни за индентификација на видот на растението, при што ботаничарите создале богата терминологија за да ги опишат овие одлики. За разлика од другите растителни органи, листовите се јавуваат како определувачки фактор, бидејќи како што растат, тие образуваат закономерна ишараност и форма, а потоа отпаѓаат, додека стеблото и коренот го продолжуваат својот раст и видоизменување во текот на целиот живот на растението, па затоа не се определувачки фактори.
Листовите најчесто може да бидат прости или сложени.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.