Лаки
село во Општина Виница From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Виница From Wikipedia, the free encyclopedia
Лаки — село во Општина Виница, во околината на градот Виница.
Лаки | |
Координати 41°47′48″N 22°40′09″E | |
Општина | Виница |
Население | 162 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 05010 |
Лаки на општинската карта Атарот на Лаки во рамките на општината | |
Лаки на Ризницата |
Во XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лаки живееле 600 жители, сите Македонци.[2] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лаки имало 640 Македонци, егзасрхисти.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[4]
Во 2002 година во селото живееле 314 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 162 жители, од кои 136 Македонци, 2 останати и 24 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 600 | 640 | 882 | 957 | 797 | 712 | 559 | 422 | 397 | 314 | 162 |
Лаки е македонско село.
Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:
Во селото постои избирачкото место бр. 324 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[15]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 266 гласачи.[16]
После Втората светска војна преку 20 семејства од Лаки се иселиле во Блатец и Виница. Во Пекљани се иселиле неколку родови, како. Рашниковци, Трајановци, Јовановци, Ангелови, Симеонови и Момчилови. Околу 30 семејства се иселиле во селата Сушево и Злеово во струмичко-радовишкиот крај.[11]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.