Кралство Хиџаз и Неџд
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кралство Хиџаз и Неџд (арап. مملكة الحجاز ونجد), прво наречено Кралството Хиџаз и Султанат Неџд (арапски: مملكة الحجاز وسلطنة نجد) ― дуална монархија на Арапскиот Полуостров основана во 1925 година по освојувањето на Хашемитското Кралство Хиџаз од страна на саудискиот Султанат Неџд.
Кралство Хиџаз и Неџд مملكة الحجاز ونجد
| |
---|---|
1926–1932 | |
Статус | Дуална монархија на Хиџаз и Неџд |
Главен град | |
Говорени јазици | Арапски |
Вероисповед | Сунитски Ислам (Вахабизам) |
Уредување | Исламска апсолутистичка двојна монархија |
Крал | |
• 1926–1932 | Абдулазис ел Сауд |
Историја | |
• Хиџаз бил освоен од Неџд | 19 декември 1925 |
• Абдулазиз крунисан за крал на Хиџаз | 8 јануари 1926 |
• Неџд станал кралство | 29 јануари 1927 |
• Основана е Саудиска Арабија и анексирање на Асир | 23 септември 1932 |
Денес дел од |
Во 1932 година, двете кралства се обединиле под името Кралство Саудиска Арабија.
На 8 јануари 1926 година, во Месџид ел-Харам во Мека Абдулазиз, султанот од Неџд, бил крунисан за крал на Хиџаз и тој на 29 јануари 1927 година Неџд го издигнал до статус на кралство.[1] Со Договорот од Џеда од 20 мај 1927 година, државата на Абдулазиз била призната од Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и била наречена Кралство Хиџаз и Неџд.[2]
Во следните пет години, Абдулазиз владеел со двата дела од неговото дуално кралство како посебни ентитети. На 23 септември 1932 година, Абдулазиз го прогласил сојузот на главните саудиски доминиони Ел-Хаса, Катиф, Неџд и Хиџаз под името Кралство Саудиска Арабија.[3]
Поради блиските односи со Обединетото Кралство која го снабдувала со оружје, Кралството Хиџаз и Неџд можело да ја спроведува својата експанзионистичка политика. За време на кралот Абдулазиз, Хиџаз се повлекол од Лигата на народите.[4]
Во 1926 година, Сојузот на Советските Социјалистички Републики го признале Кралството Хиџаз и Неџд. Соединетите Американски Држави го пизнале во 1931 година. Веќе во 1932 година, Обединетото Кралство, Франција, СССР, Турција, Царската Држава Иран, Кралството Италија и Холандија имале амбасади во Џеда; Кралството Египет имало неофицијално конзуларно претставништво.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.