From Wikipedia, the free encyclopedia
Контрафобичниот став е одговор на анксиозност која, наместо да бега од изворот на страв, на начин на кој би сакала да го избегне изворот фобијата, активно го бара, со надеж дека ќе ја надмине првобитната вознемиреност.[1]
Спротивно на избегнувачкото растројство на личноста, контрафобичното претставува помалку вообичаен, но не и сосема невообичаен одговор кон стравот. Контрафобично се однесува човек кој бара или трага по она кое го плаши, наместо да бега од него.[2] Козависните луѓе може да спаѓаат во подкатегорија на оваа група, криејќи ги своите стравови од приврзаност во прекумерна зависност.[3]
Активностите на смело-ѓаволот (dare-devil) често се преземаат во контрафобичен дух, како негирање на стравовите поврзани со нив, кои можат да бидат само делумно успешни.[4] Ивршување на анти-социјални активности генерално може да има контрафобичен извор,[5] како одраз на лажно јас презагрижено со компулсивно ивршување на активностите за да се зачува чувство на моќ и контрола.[6]
Сексот е клучна област за контрафобична активност, понекогаш поттикнувајќи ја хиперсексуалноста кај луѓето кои всушност се плашат од предметите за кои веруваат дека ги сакаат.[7] Адолесцентите, плашејќи се од сексуална игра (физички активности кои не инволвираат директна генитална пенетрација), може да прескокнат до еден вид лажна целосна сексуалност;[8] возрасните може да го преценуваат сексот за да го покријат несвесниот страв од штетата што може да ја предизвика.[9] Таквиот контрафобичен пристап може да е општествено прославен[10] во постмодерната визија за сексот како гимнастичка изведба или хигиена,[11] поттикната од она што Кен Вилбер го опишал како „бујна и бестрашна плиткост“.[12]
Сообраќајните несреќи се поврзани со контрафобичен, маничен став кај возачот.[13]
Јулија Кристева сметала дека детето во развој може да го користи јазикот како контрафобичен предмет,[14] како заштита од анксиозност и загуба.[15]
Психологијата на егото укажува дека преку нејаснотијата и двосмисленоста на јазикот, конкретните значења на зборовите можат да го разбијат контрафобичниот став и да ја вратат состојбата на страв кај детето.[16]
Дидие Анзие ја гледал теоретизацијата на психоанализата на Фројд како контрафобична одбрана од анксиозноста преку интелектуализација: трајна контемплација на инстинктивниот, емоционален свет кој всушност бил вистинскиот предмет на стравот.[17]
Вилхелм Флајс се сметало дека ја игра улогата на контрафобичен објект за Фројд за време на периодот на Фројдовата самоанализата.[18]
Ото Фенихел сметал дека поништувањето на систематизираните контрафобични одбрани е само прв чекор во терапијата, кој треба да биде проследен со анализа на самата оригинална анксиозност.[19] Тој исто така сметал дека психолошката траума може да ги разбије контрафобичните одбрани, со резултати кои „може да бидат многу болни за пациентот; тие се, од терапевтска гледна точка, поволни“.[20]
Дејвид Рапапорт ја нагласил потребата од претпазливост и екстремна бавност во анализата на контрафобични одбрани.[21]
Се смета дека привлечноста на хорор филмовите лежи во контрафобичен импулс.[22]
Лицата често имаат срамежлив карактер, кој е ослободен контрафобично во условите на изведбата.[23]
Документарниот филм Болен, во кој се работи за мазохистичкиот уметник Боб Фланаган, зборува за контрафобичниот став на Фланаган. Тој се обидел да избега од хроничната болка на неговата цистична фиброза со тоа што се ангажирал во екстремни масохистички активности.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.