семејство растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Конопи (науч. Cannabaceae) — мало семејство на цветни растенија со околу 170 видови во 11 родови. Тука спаѓаат конопот (Cannabis), хмељот (Humulus) и копривка (Celtis). Од нив, копривката е неспоредливо најголем род, со околу 100 вида.[1]
Конопи | |
---|---|
Обичен коноп (Cannabis sativa) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Розовидни |
Семејство: | Конопи Martynov[1][2] |
Родови | |
во текстот |
Со исклучок на заедничкото еволутивно потекло, членовите на ова семејство немаат многу заеднички особини.
Растението од ова семејство можат да бидат дрва (на пр. копривката), исправени билки (на пр. конопот) или повивни ползавци (на пр. хмељот).[1]
Листовите се релативно дланчесто задлабени или дланчесто сложени. Секогаш имаат прилисници и цистолити, а некои членови имаат млечници (латицифери).
Многу од конопите се дводомни (посебни машки и женски растенија). Цветовите се зрачно симетрични и не се истакнати, бидејќи овие растенија се опрашуваат со ветерот. Како приспособување за вавквото опрашување, чашкините ливчиња се кратки и немаат венечни листови. Цветовите се групирани во чадорчиња. Машките соцветија се долги и личат на метлички, додека пак женските се пократки и имаат помалку цветови. Толчникот е сочинет од две стпоени прости толчничиња. Плдницата е обично издадена и еднокоморна. Бројот на прашници се разликува кај разни растенија.
Плодот може да биде семче или јатка.
Семејството ги опфаќа следниве родови:[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.