Класични градини во Суџоу
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Класични градини во Суџоу — група градини во градот Суџоу, Џјиангсу, Кина, кои се запишани во списокот на светско наследство на УНЕСКО.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Долготрајната градина во Суџоу | |
Место | Суџоу, Џјиангсу, Кина |
Критериум | културно: (i)(ii)(iii)(iv)(v) |
Навод | 813bis |
Запис | 1997 (XXI заседание) |
Дополнувања | 2000 |
Површина | 11,922 ха |
Преоден појас | 26,839 ха |
Координати | 31°19′N 120°27′E |
Опфаќајќи период од речиси илјада години, од династијата северен Сунг до доцните династии Чјинг (11-19 век), овие градини, главно изградени од учени, стандардизирале бројни клучни одлики на класичнот кинеско обликување градини со конструиран крајолик кој го подражава природниот крајолик од карпи, ридови и реки со стратешки поставени павилјони и пагоди.[1]
Елегантната естетика и суптилноста на градините на овие учени и нивниот нежен стил и карактеристики често се имитираат од различни градини во други делови на Кина, вклучувајќи ги и разните царски градини како оние во планинското одморалиште Ченгду. [2] Според УНЕСКО, градините во Суџоу „го претставуваат развојот на кинеското обликување на пределни градини во текот на повеќе од две илјади години“[3] и се „најсофистициран облик“ на градинарската уметност.
Својот процут, овие пределни градини, го доживеале од средината на династијата Минг до раното време на династијата Ќинг, што резултирало со дури 200 приватни градини. Денес има 69 зачувани градини во Суџоу и сите се означени како заштитено „национално наследство“.[4] УНЕСКО, во 1997 и 2000 година, избрал осум најубави градини од Суџоу, заедно со една во блискиот древен град Тонгли, како места на светско наследство што ја претставуваат уметноста на класичните градини во стилот на Суџоу.
Познати творци на градини во Суџоу се Џанг Љанг, Џи Ченг, Ге Ѓуљанг и Чен Цунгџоу.
Слика | Име | Големина | Впишana | Координати |
---|---|---|---|---|
(кинески: 拙政園; пинјин: Zhuōzhèng Yuán) |
51.950 m² | 1997 | 31°19′33.44″S 120°37′28.74″E | |
(留園, Liú Yuán) |
23.310 m² | 1997 | 31°19′03.10″N 120°35′17.20″E | |
5.400 m² | 1997 | 31°18′01.20″N 120°37′47.60″E | ||
2.180 m² | 1997 | 31°18′47.40″N 120°36′32.04″E | ||
1,6 ха | 2000 | 31°17′47.57″N 120°37′17.46″E | ||
1,1 ха | 2000 | 31°19′23.60″N 120°37′30.20″E | ||
(艺圃, Yì Pǔ) |
3.967 m² | 2000 | 30°59′S 152°00′E | |
(耦园, Ŏu Yuán) |
0,33 ха | 2000 | 31°19′05.90″N 120°38′04.30″E | |
(退思园, Tuìsī Yuán) |
65 ха | 2000 | 31.1599123° СГШ; 120.7161739° ИГД | |
Скромната управителова градина се смета за најубавата градина во Јужна Кина, а била изградена како приватна градина на учениот Лу Гуименг, во раздобјето на династијата Танг. Подоцна градината му припаднала на манастирот Дахонг, а во 1510 година, Ванг Сјанченг, управител и поет на династијата Минг, се повлекол во оваа градина и продолжил да ја уредува градината. Во соработка со уметникот и негов пријател, Вен Џенгминг, требало да го одрази добриот вкус на управителот и да биде негово пензионерско место, каде што управителот, во духот на монашкиот живот, самиот сè изградил. Градината, со многуте украсни дрвја и павилјони, била завршена 16 години подоцна, а нејзиниот средиштен дел е подражавање на крајоликот на долниот тек на реката Јангце. Од езерото се издигаат три пошумени ридови, секој крунисан со павилјон. Разновидноста на растителните видови е значајна. Ванг ја изгубил градината за да ги отплати своите коцкарски долгови, а откако повеќепати ги сменила сопствениците, при што секој од нив додал нешто, градината била обединета и обновена во 1952 година. Во градината својата младост ја поминал и еден од најголемите класични кинески писатели во времето на династијата Ќинг, Цао Сјуеќин.
Долготрајната градина била создадена на крајот на 16 век како приватна градина на царскиот службеник Су Тајши (徐泰时), кој му го доверил дизајнот на „Источната градина“ (东园), како што првично се нарекувала, на каменорезецот Џоу Шиченг (周时臣). Џоу во средишниот дел на градината изградил вештачки рид, така што изгледа како планината Тјентај (Путао) опкружена со живописно езеро, згради и тесен кривулест тревник, кој дава неочекувани глетки со голема убавина. Во градината има многу т.н. „научни камења“ (供石, gōngshí), независни камења со изразито неправилни облици, кои, како природни скулптури, го разубавуваат просторот.
Градината на мајсторот на мрежата е една од најубавите класични кинески градини, каде спојот на уметноста, природата и архитектурата прави единствено метафизичко ремек-дело. Изворната градина била создадена пред околу 800 години (околу 1140 година, за време на династијата Сунг), како приватна градина на заменик министерот, Ши Џенгџи, кој бил заљубен во филозофските описи на едноставниот и осамен живот на кинеските рибари, од каде потекнува и нејзиното име. Оттогаш е многу малку променета, а значително е обновена во 1785 година од Сунг Ѕунгјуан, пензиониран службеник од династијата Ќинг, кој додал многу згради, задржувајќи го нејзиниот дух. Во градината се влегува преку единствен јужен влез врамен со камени блокови на кои е истакната титулата на сопственикот. Во средината се наоѓа базен врамен со покриена обиколница. Заради мајсторските пропорции што го прават поголем, контрастите, низовите, длабочината и имитациите на природните крајолици, служела како инспирација за многу други градина.
Ова е најстарата класична градина во Суџоу која датира од династијата Ѓин (265-420), што била повторно изградена во 16 век, за време на династијата Минг. Иако е една од најмалите, со средишна површина помала од 500 m², содржи пет врвови високи до 7 m (имитација на петте светите планини на Кина), шумички, пештери, камени куќи, вештачки клисури, длабнатини, гребени и карпи.
Павилјонот Цангланг бил изграден по наредба на поетот Су Сунќин (северна династија Сунг) на почетокот на 11 век, на местото на претходно уништена градина. За време на династиите Јуан и Минг (1279 – 1644) станала мистичен храм за контемплација. Во текот на следните векови, таа била повторно изградена неколку пати, традиција што ја продолжила Народна Република Кина. До него се стигнува преку цик-цак камениот мост, каде наеднаш се укажуваат планините покриени со стари дрвја и бамбуси. На врвот на една од планините стои квадратен павилјон на кој е испишан соодветен текст.
Градината на лавовата шума била изградена од зен-будистичките ученици на познатиот свештеник Тијани во 1342 година, за време на династијата Јуан, како традиционален будистички манастир. Градината, која го привлекла вниманието на научниците и уметниците, била одвоена од храмот во 17 век. Има низа вештачки планини со разни градби расфрлани околу езерото, заедно со вештачки водопад на стрмните карпи. Планините од 14 век сè уште се јасно видливи. Карпестата планинска шума е вкрстена со кривулести патишта и патеки, а има и бројни пештери и гротескни карпи. Од 22-те згради во градината, највпечатлива е Салата на мирот и среќата, ремек-дело на сала во стилот на мандаринска патка.
Градината за одгледување била изградена за време на династијата Минг, во 16 век. Една четвртина од вкупната површина зафаќа средишното езерце, кое е вклопено во планинскиот предел на југ со група згради на север. Двете страни се поврзани од исток, а западната е покриена со отворена галерија. Тоа е типична класична градина од времето на династијата Минг, како според план, така и според дизајнот на нејзините тринаесет згради.
Градина засолниште на парови датира од династијата Ќинг, на почетокот на 18 век. Структурата се состои од четири згради во низа. Во источната градина надвладува драматично реален рид од жолти камења што се издига од базенот врамен со неколку атрактивни згради во стилот минг. Стилот на Западната градина е поскромен, варовничките ридови се испресечени со пештери и тунели кои ги поврзуваат.
Градината на самотија и размислување е дело на познатиот сликар Јуан Лунг, што била изградена од 1885 до 1887 година. Група згради, поврзани со главната градина на исток, се поврзани со куќа за гости во облик на брод. Уште еднаш, средишен дел на градината е базен, опкружен со низа елегантни градби, од кои највпечатлив е двокатниот Небески мост. Павилјонот за собирање убавина, со поглед на целата градина, се наоѓа во северозападниот ќош.
Месноста се следи според сеопфатен план за надзор и има одредби за редовно одржување и планирани проекти за одржување за сите градини. Ова е одговорност на Канцеларијата за администрација на општинскиот уред за градините во Суџоу.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.