австралиски и американски кантри-музичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Кит Лајонел Урбан[1][2] (англ. Keith Lionel Urban; роден Urbahn; 26 октомври 1967 година) ― австралиски и американски кантри-пејач, гитарист и текстописец. Добил четири Греми награди[3] и петнаесет Музички награди од Академијата за кантри музика, меѓу кои и „Меѓународната награда Џим Ривс“.[4] За филмот Act of Valor, Урбан ја напишал и ја испеал песната „For You“, за која во 2013 година бил номиниран за Златен глобус и за Награда по избор на критичарите за најдобра оригинална песна.[5]
Кит Урбан | |
---|---|
Кит Урбан во 2020 | |
Роден(а) | Кит Лајонел Урбан 26 октомври 1967 Вангареј, Нов Зеланд |
Националност |
|
Занимање |
|
Активен период | 1990–денес |
Сопружник | Никол Кидман (в. 2006) |
Деца | 2
|
Потекло | Кабулчур, Квинсленд, Австралија |
Жанрови |
|
Издавачи |
|
Мреж. место | keithurban.com |
Урбан издал 11 студиски албуми и соработувал со многу музичари од различни музички жанрови, како: Пинк, Нели Фуртадо, Џејсон Деруло, Џулија Мајклс, како и со кантри-музичарите: Доли Партон, The Chicks, Кери Андервуд, Мартина Мекбрајд, Ерик Черч и Риба Мекентајр.
Урбан бил ментор во австралиската верзија од натпреварот во пеење The Voice и судија на Американски идол. Во октомври 2013 година вовел сопствена линија на гитари и додатоци со потпис.
Урбан е роден на 26 октомври 1967 година во Вангареј на Нов Зеланд.[6] Тој бил најмлад син на Мариен и Роберт Урбан (Урбански).[1] На двегодишна возраст, со родителите се преселил во Кабултур, Квинсленд во Австралија.[7] На рана возраст стапил во контакт со кантри-музиката[8] и на шест години почнал да зема часови по гитара.[9] Се пријавил на месни натпревари и глумел во месна театарска компанија.[6] Урбан рекол дека неговото свирење гитара било под влијание на два рок-гитаристи, Марк Нопфлер (Dire Straits) и Линдзи Бакингем (Fleetwood Mac). Во 1983 година се натпреварувал во австралиското талент-шоу Нови Лица.[10]
Во 1990 година, Урбан потпишал договор со EMI и го издал неговиот прв албум.[6]
Во 1992 година Урбан се преселил во Нешвил и воспоставил врски во музичката индустрија. Во 1997 година, ја основал групата The Ranch, во која покрај него членувале тапанарот Питер Кларк и басистот Џери Флауерс. The Ranch објавиле истоимен албум за Capitol Records Nashville, а два сингла од групата истата година се нашле на Hot Country Songs топ листата: „Walkin' the Country“ и „Just Some Love“.[11]
Во 1999 година Урбан го издал неговиот прв американски соло-албум Keith Urban. Водечки сингл од албумот бил „It's a Love Thing“, а по него следел синглот „Your Everything“ кој се искачил на четврто место на американската топ-листа за кантри-песни со што Урбан станал прв машки изведувач од Нов Зеланд кој стигнал до Топ-10 на кантри листите во САД.[12] Следниот сингл, „But for the Grace of God“, напишан од Шарлот Кафи и Џејн Видлин од The Go-Gos, станала негова прва песна на прво место на топ-листите. Во 2001 година ја освоил наградата „Најдобар нов пејач“ од Академијата за кантри-музика и наградата „Хоризонт“ од Здружението за кантри музика.
Во 2002 година Урбан го издал вториот американски албум, Golden Road. Во 2005 година за синглот од овој албум, „You'll Think of Me“ добил Греми за најдобра машка кантри вокална изведба.[13]
Во 2005 година, Урбан за прв пат настапил пред европска публика. Во мај, тој го поддржал Брајан Адамс на неговата турнеја во Велика Британија и Ирска. На 6 јуни бил издаден албум само во Обединетото Кралство, Days Go By.
На 21 август 2006 година, неговата песна „Once in a Lifetime“ дебитирала на 17-то место, со што во тоа време поставила нов рекорд за највисока деби-позиција на кантри-песна во 62-годишната историја на Hot Country Songs топ-листата.[14] За песната „Stupid Boy“ во 2007 година Урбан ја освоил втората Греми награда за најдобра машка кантри вокална изведба.[13] Урбан ја објавил неговата прва колекција од најголеми хитови Greatest Hits: 18 Kids на 20 ноември 2007 година. Компилацијата ги содржела сите негови Топ-10 хитови и две нови песни, „Got It Right This Time (The Celebration) и преработка на „Romeo's Tune“ од Стив Форберт.
Во јануари 2008 година, Урбан заедно со кантри-пејачката Кери Андервуд тргнал на светска турнеја насловена како „Love, Pain and the Whole Crazy Carnival Ride“. Capitol Records го издал албумот, Defying Gravity, на 31 март 2009 година. Турнејата на Урбан „Escape Together“ од 2009 година, како поддршка на албумот „Defying Gravity“ , вклучувала многу истакнати музичари, како: Тејлор Свифт, Sugarland и Џејсон Олдин.
Кит Урбан го објавил албумот Get Closer на 16 ноември 2010 година. Од албумот биле објавени четири синглови во 2010 и 2011 година, а три од нив се искачиле на прво место на Билбордовата топ-листа за кантри-песни. Ова бил прв албум на Урбан кој не добил платинест сертификат.
На 10 април 2012 година, Урбан бил поканет да стане член на Grand Ole Opry. Тој бил примен во Grand Ole Opry на 21 април 2012 година.[15]
Fuse, осмиот студиски албум на Урбан, бил издаден на 10 септември 2013 година.[16] На албумот имало песни во соработка со Миранда Ламберт и со Ерик Черч и од него биле издадени шест синглови, а четири од нив се искачиле на врвот на новосоздадената американска топ-листа Billboard Country Airplay. Албумот дебитирал на врвот на Билборд 200 и на топ-листата за кантри-албуми. Добил претежно позитивни критики од музичките критичари кои ги пофалиле поразновидните музички стилови истражени во песните.
Албумот Ripcord бил објавен на 6 мај 2016 година.[17] Од него биле објавени сингловите: „John Cougar, John Deere, John 3:16", „Break on Me", „Wasted Time", „Blue Ain't Your Color" и „The Fighter". На албумот имало песни во соработка со: Нил Роџерс, Питбул и Кери Андервуд. Албумот бил номиниран за Греми за најдобар кантри-албум во 2017 година. На 7 април 2017 година, албумот бил сертифициран со платина од RIAA.
Албумот Graffiti U бил издаден на 27 април 2018 година.[18] На 19 јануари 2018 година, водечкиот сингл од албумот, „Parallel Line“ напишан од Ед Ширан бил објавен како сингл во Австралија и во Обединетото Кралство.[19] На 21 март, Урбан го издал вториот сингл од албумот „Coming Home“, песна во дует со поп-пејачката Џулија Мајклс. Оваа песна, исто така, содржи обновена верзија на почетниот риф од хитот од Мерл Хагард „Mama Tried “. Never Comin' Down бил објавен на радио како четврти сингл, во август 2018 година.[20]
На 18 септември 2020 година, Урбан го објавил неговиот единаесетти студиски албум, The Speed of Now Part 1. Албумот ја освоил наградата „Најпродаван албум“ на Музичките награди во Квинсленд во 2021 година.[21][22]
Една недела пред објавувањето на албумот, Урбан бил водител на доделувањето на Музичките награди од Академијата за кантри-музика и на церемонијата, заедно со Пинк премиерно го извел третиот сингл од албумот, „One Too Many“.[23] Во декември 2020 година, во изданието на Ролинг Стоун Австралија, Урбан се нашол на 29-то место на списокот од „50 најдобри австралиски музичари на сите времиња“.[24] Во соработка со Тејлор Свифт, Урбан пее на песната „That's When“ од албумот „Fearless“ (Taylor's Version).
Во август 2021 година, Урбан го издал синглот „Wild Hearts“,[25] [26] по кој во март 2022 година се надоврзал синглот „Nightfalls“.[27][28] Во јули 2022 година, Урбан го издал синглот „Brown Eyes Baby“.[29] Во октомври 2022 година, го издал синглот „Street Called Main“ [30]
Во 2024 година, Урбан ги објавил сингловите „Stright Line“ и „Mesed Up as Me“, и најавил дека ќе го издаде неговиот дванаесетти студиски албум подоцна во текот на годината.[31][32]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.