From Wikipedia, the free encyclopedia
Касписката рибарка (науч. Hydroprogne caspia), (порано Sterna caspia;[1] син. Hydroprogne tschegrava, Helopus caspius) е вид рибарка која е космополитски распространета, но и покрај тоа е монотипична во својот род.[2] Оваа птица ја има и во Македонија.
Касписка рибарка | |
---|---|
Возрасен во летно перје | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Бекасови |
Семејство: | Рибарки |
Род: | Hydroprogne Kaup, 1829 |
Вид: | Касписка рибарка |
Научен назив | |
Hydroprogne caspia (Pallas, 1770) | |
Касписката рибарка е најголема рибарка со должина 48-60 см, распон на крилјата 127-145 см и тежина 530-782 грама.[2][3] Возрасните птици имаат црни нозе и долг црвенопортокалов клун со мал црн врв. Тие имаат бела глава со црна капа, бел врат, стомак и опашка. Горниот дел од крилјата и грбот се светлосиви, а под крилјата е светла со темни примарни пердуви. Во лет, опашката е помалку чаталеста од другите рибарки, со црни краеви на крилјата.[2] Зиме, црната капа ја има, за разлика од другите рибарки, но со некои бели линии на челото. Повикот е гласно крескање, слично на чапјите.[4]
За време на размножувањето, живеалиштето на оваа рибарка се крајбрежјата на големите езера и океаните во Северна Америка, Европа (претежно околу Балтичко Море и Црно Море), Азија, Африка, Австралија и Нов Зеланд. Северноамериканските птици за време на зимата се селат на јужните крајбрежја, европските и азиските, во тропските делови, а африканските и австралиските се постојани жители или се раселуваат на кратки растојанија.[2]
Глобалната популација е околу 50.000 пара; и бројот во повеќето региони е стабилен, но популацијата на Балтичкото Море опаѓа, и има статус на загрижувачки вид.[2][5]
Касписката рибарка е еден од видовите на кои се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските водни миграторни птици.
Овие птици се хранат претежно со риби, по кои нуркаат, прво набљудувајќи високо над водата, а потоа се насочуваат директно кон нив. Повремено, исто така, се хранат со големи инсекти, со пилиња и јајца од други птици и глодачи. Летаат и повеќе од 60 км оддалеченост од колонијата за размножување за да ловат риба. Ловат и во слтки и во солени води.[2][4]
Се размножуваат напролет и во лето, со 1 до 3 светлосинозелени јајца, со темни кафеави точки. Гнездат во колонии, со својот вид, но и со други птици, особено со галебите. Гнездото го сместуваат на земја меѓу камчиња и песок, а понекогаш врз растенија. Инкубацијата трае 26-28 дена. Пилињата се различни во бојата и декорациите, од светло кремави до потемносивокафеави, што им помага на родителите да ги препознаат кога се враќаат во колонијата по ловот. Малечките се здобиваат со перје по 35-45 дена.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.