Ињево
село во Општина Радовиш, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Радовиш, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Ињево (поретко како Инево) — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Ињево | |
Панорамски поглед на селото Ињево, а во позадина се гледа градот Радовиш | |
Координати 41°36′49″N 22°25′40″E | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Радовиш |
Население | 1.139 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2420 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22018, 22518 |
Надм. вис. | 480 м |
Ињево на општинската карта Атарот на Ињево во рамките на општината | |
Ињево на Ризницата |
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 1.624 жители[2], со што селото се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Селото се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Радовиш, под североисточната падина на планината Смрдеш. Ињево се наоѓа на регионалниот пат 2433 од Радовиш за Конче, во изворишното подрачје на Крива Лакавица.[4] Селото е рамничарско-ридско, сместено на надморска височина од 480 метри. Се наоѓа западно од градот Радовиш.[4]
До селото води асфалтен пат, кој е означен како регионален пат 2433.
Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[5]
Во 1897 година, во Дедино и Ињево се одвила Радовишката афера на МРО.[6]
Атарот на селото зафаќа простор од 22 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 1.329 хектари, на пасиштата отпаѓаат 366 хектари, а на шумите 206 хектари.[4]
Во основа, селото има полјоделска функција. Во селото работат продавници и угостителски објекти.[4]
Во селото постои традиција на изработување гајди.[7]
Поголемиот дел од населението кое живее во село Ињево главна егзистенција им е тутунопроизводството.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, селото имало 740 жители, сите Македонци.[8] По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото Ињево имало 880 Македонци.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[10]
Во 1961 година селото броело 922 жители, од кои 917 биле Македонци, а пет жители Срби, додека во 1994 година бројот на населението се зголемил на 1.546 жители, македонско население.[4]
Според пописот од 2002 година во селото Ињево, живееле 1.624 жители, од кои 1.623 Македонци и 1 Србин.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.139 жители, од кои 1.087 Македонци, 1 Албанец, 2 останати и 49 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 740 | 880 | 802 | 900 | 922 | 1.189 | 1.381 | 1.496 | 1.546 | 1.624 | 1.139 |
Ињево е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[16]
Во XIX век, Ињево било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Ињево, во која покрај селото Ињево, се наоѓале и селата Бучим, Воиславци, Горна Враштица, Дамјан, Дедино, Долна Враштица, Погулево, Сулдурци и Топалница. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на тогашната Општина Ињево, во која влегувале селата Горна Враштица, Долна Враштица, Дамјан, Ињево и Погулево.
Во селото постојат избирачките места бр. 1595 и 1596 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.421 гласач.[19] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.441 гласач.[20]
Во село Ињево секоја година традиционално се одржува Изворниот фолклорен фестивал „Гајда“.
Исто така се негува селската традиција на многу празници и прослави, таков пример е за време на празникот „Лазара“ каде што девојки облечени во селска носија одат од куќа на куќа и пејат песни.[23]
Во село Ињево активно работи и функционира Фудбалскиот клуб „ФК Бобовец“ кој се натпреварува во „Општинска фудбалска лига - Радовиш“.
Теренот на училиштето Орце Николов (фудбалско и кошаркарско игралиште), покрај користењето од училиштето, се користи и за одржување на турнирот во мал фудбал „Меморијален турнир - Ињево“, кој започнува на почетокот на месец август секоја година, а се организира во чест на тројца луѓе кои загинале во сообраќајна незгода во 2003 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.