американски глумец From Wikipedia, the free encyclopedia
Ијан Џозеф Сомерхолдер (роден на 8 декември 1987 г.)[1] — американски глумец и модел, најпознат по улогата на Буни Карлајл во серијата Изгубени и Дејмон Салваторе во натприродната драмска серија Вампирски дневници.
Ијан Сомерхолдер | |
---|---|
Сомерходер во 2013 година | |
Роден(а) | Ијан Џозеф Сомерхолдер 8 декември 1978 Кавингтон, Луизијана, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1997–сè уште |
Сопружник | Ники Рид (в. 2015) |
Самерхолдер е роден и израснат во Кавингтон, Луизијана, син на Една, физиотерапевт, и Роберт Сомерхолдер, независен градежен претприемач.[2] Тој е второ родено дете во семејството, и има постар брат, Роберт, и помлада сестра, Робин.[3] Како католик, тој го посетувал приватното католичко училиште во Кавингтон. На возраст од 10 до 13 години, тој започнал да се занимава со манекенство,[4] а на 17 години се впуштил во глумецските води.
Летото 2000 година, Сомерхолдер глумел во краткотрајната серија Млади американци. Тој го глумел Хамилтон Флеминг, син на деканот на едно престижно училиште. Во 2002 година, тој го глумел бисексуалецот Пол Дентон во филмската адаптација на Роџер Ејвери, Правила за привлекување заснована на истоимениот роман на Брет Истон Елис', заедно со Џејмс ван дер Бик, Шенин Сосамон, и Џесика Бил.
Во 2004, Сомерхолдер успешно се пробил на филмската сцена со улогата на Буни Карлајл во хит серијата Изгубени. Сепак, и покрај смртта на неговиот лик во дванаесеттата епизода од првата сезона, тој повторно се појавува во улогата на Буни во уште седум епизоди во периодот помеѓу 2005 и 2010 година, вклучувајќи ја и последната епизода од серијата. Сомерхолдер бил првиот глумец кој бил ангажиран за серијата, а воедно и првиот лик кој умира.
Во 2009 година, Сомерхолдер се појавил во филмот Турнир на убијци каде игра улога на убиец кој учествува во смртоносен натпревар со други убијци.
Во јуни, истата 2009 година, Сомерхолдер добил улога на вампир Дејмон Салваторе во серијата Вампирски дневници. Премиерата на оваа серија, привлекла најголемо внимание од сите серии кои биле емитувани дотогаш, од основањето на оваа телевизија, во 2006 година. Серијата останала највисоко рангираната серија на овој канал, со што изведбата на Сомерхолдер, исто како и шоуто, добиле многу позитивни критики.
Во октомври 2012 година било објавено дека Сомерхолдер ќе се појави во филмот Ограничени со време, кој започнал со снимање во Лос Анџелес.[5]
Сомерхолдер учествувал во расчистувањето на нафтената платформа Дипвотер Харајзон по изливањето на нафта, која предизвикала една од најголемите еколошки катастрофи во историјата на САД, на 22 април 2010 година. Тој помагал околу оштетениот животински свет, и воедно ја известувал пошироката јавност на кои начини можат да помогнат.[6] Сомерхолдер исто така го поддржува и хуманото општество Сент Темени, кое всушност е организација за засолнување и грижа за животните. На 13 ноември 2010 година, тој организирал добротворна акција за оваа организација. Во текот на настанот, Сомерхолдер ја претставил донацијата од 11.100 долари од љубителите на Вампирски дневници .
Сомерхолдер, заедно со своите колеги од Вампирски дневници, Кендис Акола и Мајкл Тревино, го поддржува интернет проектот It Gets Better, чија цел е да се спречи самоубиството кај лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, кој е поврзан со американската организација Проект Тревор.[7]
Преку Твитер и неколку негови интервјуа, Сомерхолдер изјавил дека ќе ја основа Фондацијата Ијан Сомерхолдер (која започнала со работа на 8 декември 2010 година, на неговиот 32. роденден), за која тој се надева дека ќе им помогне на луѓето да разберат колку е важно да се заштити средината и животните. Тој изјавил: „Наместо подароци, мојата роденденска желба оваа година е да се здружиме и сите заедно да собереме средства за да ги поддржиме проектите кои се организираат за заштита на нашето место на живеење и грижа за животните – нашите пријатели прикриени со крзно.“.[8][9]
Сомерхолдер бил во врска со колешката од Вампирски дневници, Нина Добрев, од 2010 до 2013 година.[10] Во средината на 2014 година, Сомерхолдер започнал врска со глумицата Ники Рид.[11] Тие ја потврдиле нивната веридба во февруари 2015 година,[12] и се венчале на 26 април 2015 година во Малибу, Калифорнија.[13]
Година | Наслов | Улога | Забелешки |
---|---|---|---|
1998 | Celebrity | Unconfirmed | Uncredited |
2001 | Мојата куќа од соништата | Џош | |
2002 | Замена на срца | Џејсон Кели | |
2002 | Правила за привлекување | Пол Дентон | |
2004 | Во рацете на непријателот | Дени Милер | |
2004 | Старецот и неговото студио | Мет | Краток филм |
2006 | Пулс | Декстер | |
2006 | The Sensation of Sight | Дрифтер | |
2008 | Изгубениот Самарјанин | Вилијам Арчер | |
2009 | Будење | Тајлер | |
2009 | Турнир на убијци | Мајлс Слејд | |
2010 | Како да водиш љубов со жена | Даниел Мелцер | |
2013 | Фатени на дело | Офицер Луис | |
2013 | Ограничени со време | Агент Блек | Краток филм |
2014 | Аномалија | Харкин Лангам |
Година | Наслов | Улога | Забелешки |
---|---|---|---|
1997 | The Big Easy | I.Q. | 1 episode: "The Black Bag" |
1999 | Сега, но и повторно | Брајан | 1 епизода: Животот на една девојка" |
2000 | Млади американци | Хамилтон Флеминг | Главна улога; глуми во сите 8 епизоди |
2001 | Анатомија на криминалот од омраза | Расел Хендерсон | ТВ филм |
2002 | Истрага на местото на злосторството | Тони дел Нагро | 1 епизода: "Одмаздата најдобро се сервира ладна" |
2002 | Закон и ред: Оддел за жртви | Чарли Бејкер | 1 епизода" |
2003 | Истрага на местото на злосторството: Мајами | Рики Мурдок | 1 епизода: "Најдобрата одбрана" петтата епизода од втората сезона. |
2004 | Бестрашни | Џордан Грејси | Непродаден ТВ пилот |
2004 | Смолвил | Адам Најт | 6 епизоди (Трета сезона) |
2007 | Марко Поло | Марко Поло | ТВ филм |
2007 | Кажи ми дека ме сакаш | Ник | 6 епизоди |
2008 | Крадците од изгубениот град | Џек Кубијак | ТВ филм |
2009 | Огнена топка | Ли Купер | ТВ филм |
2004–2010 | Изгубени | Буни Карлајл | Главна улога; 30 епизоди |
2009–сè уште | Вампирски дневници | Дејмон Салваторе | Главна улога |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.