From Wikipedia, the free encyclopedia
Игор Иванов-Изи (роден во 1973 во Скопје) — македонски филмски режисер.
Игор Иванов | ||
Роден | 1973
Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по режијата на: Превртено Бубачки Преспав | |
Занимање | режисер | |
Татко | Зоран Иванов |
Иванов ја започнал својата професионална кариера во 1993 година, режирајќи ТВ серии. Од 1995 до 2004 година, тој направил неколку кратки и документарни филмови презентирани и наградени на фестивали во светот. Неговиот краток филм „Бубачки“ бил во конкуренција на 54-то Берлинале и ја добил наградата „Златен леопард“ на Филмскиот фестивал во Локарно. Во 2007 година, неговиот прв долгометражен филм „Превртено“ бил презентиран на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, а Иванов ја освоил наградата за најдобар режисер на Mostra De Valencia, филмскиот фестивал во Валенсија. Неговиот втор филм, под наслов „Соба со пијано“, бил издаден во Македонија на 15 септември 2013 година и ја имал својата премиера во САД на 50. Филмски фестивал во Чикаго.[1] Во 2020 година, на покривот на ГТЦ во Скопје била одржана премиерата на неговиот филм „Хомо“, кој бил снимен во текот на 2019 година.[2]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.