македонски филозоф, поет, есеист и преведувач From Wikipedia, the free encyclopedia
Иван Џепароски (р. 9 мај 1958 во Скопје) — македонски поет, есеист и преведувач. Џепароски е и универзитетски професор на Филозофскиот факултет во Скопје.[1]
Иван Џепароски | ||
Роден | Иван Маринов Џепароски 5 септември 1958 Скопје, СФР Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | филозоф, поет, преведувач |
Иван Џепароски е роден на 9 мај 1958 година во Скопје. Завршил основно и средно образование во родниот град. Дипломирал во 1980 година, магистрирал во 1991 година и докторирал во 1997 година на Филозофскиот факултет во Скопје, на Катедрата по филозофија.
По дипломирањето работел во Македонската радио-телевизија како соработник, а потоа и како уредник во образовната и културна програма. Во 1985 година бил избран за уредник на Редакцијата за култура на Македонската телевизија, а на ова место останал во континуитет до 1993 година. Од 1989 година, едновремено, неколку години бил и главен уредник на Културно-уметничката програма на Македонската телевизија.
Од декември 1993 година бил избран за асистент по естетика на Катедрата по филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во моментов е редовен професор по предметите: Естетика, Историја на естетиката и Филозофија на културата. Бил и Раководител на Институтот по филозофија (2004-2009; 2013-денес).
Во осумдесеттите бил член во редакциите на списанието „Трета програма“ (Скопје) и „Погледи“ (Скопје), а сега е член на списанието „Философска трибина“ (Скопје).
Џепароски е автор на поголем број на предговори и поговори на значајни филозофски и книжевни дела (Платон, Фројд, Грамши, Унамуно, Бенјамин/Блејк, Џојс, Бродски), а неговиот научен опус го надминува бројот од 100 библиографски единици–текстови објавувани во земјата и странство.
Неговата поезија и некои од неговите есеи се преведени на повеќе јазици во светот, а избори од неговата поезија се објавени во одделни книги во Бугарија и Романија. Неговата книга „Македонскиот есеј“ е преведена на англиски, шпански и кинески јазик.
Се јавува и како преведувач (В.Блејк, Џ.Џојс, Ј.Бродски, Д.Хјум, Е.Берк)
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.