Remove ads
ирско-англиски државник и мислител From Wikipedia, the free encyclopedia
Едмунд Берк (англиски: Edmund Burke; 12 јануари 1730 — 9 јули 1797 ) — ирски државник роден во Даблин, исто така и писател, оратор и политички филозоф, кој по преселувањето во градот Лондон (1750) служел и како пратеник во Парламентот на Англија во период од 1766 до 1794 година, во Долниот дом.
Берк бил многу влијателен во политичката сфера во Велика Вританија, тој ги застапувал ставовите на црквата и давал важност на религијата како дел од моралниот живот.[1] Овие негови гледишта се прикажани во неговата книга „Оправдување на природното општество“. Берк бил голем критичар на британскиот третман кон американските колонии, вклучувајќи ги и суровите даночни политики кои ги наметнувала круната. Познат е како голем поддржувач на правата на колонистите и сметал дека тие треба да се спротивстават на централната власт.
Тој бил поддржувач на реформите и верувал дека суверенитетот треба да му припадне на народот, а не на кралот.
Во книгата „Размисли за Француската револуција“, Берк вели дека Француската револуција го уништува ткивото на доброто општество, традиционалните институции на државата и го осудува прогонот на Католичката црква кој резултирал од револуцијата. Ова ќе го направи да стане клучна политичка фигура во кругот на конзервативците.
Негов политички противник бил Чарл Џејмс Фокс.[2]
Берк ќе биде запаметен по големата поддршка кој ја дал на католичката еманципација, импичментот на Ворен Хејстинг и по цврстото спротивставување кон успехот на Француската револуција.
Во деветнаесеттиот век, Берк ќе добие јавно признание за неговото значење во сферата на политиката од страна на конзервативците, но и од либералите. Потоа, во XX век тој ќе биде широко прифатен како основач на современиот конзервативизам.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.