Драге Ристески
From Wikipedia, the free encyclopedia
Драге Кирев Ристески (прекар: Драге Карбуничанец) ( 1922 во Карбуница, Кичевско — 30 мај 1943 [1] во Невестински Гроб, Лопушник, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]
Драге Ристески | ||
![]() | ||
Роден | 1922 година Карбуница, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 30 мај, 1943 година Невестински Гроб, Лопушник, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација. | |
Националност | Македонец |
Животопис
Потекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Како млад симпатизер на народно ослободителното движење, во пролетта 1943 година станал член на СКОЈ и меѓу првите заминал во партизанското прифатилиште во Лопушник каде учествувал во формирањето на Кичевско-мавровскиот партизански одред на 21 мај 1943 година. По неколкуте акции, Одредот се судрил со балистите во Лопушник кај месноста Невестински Гроб во кој судир Драге бил смртно погоден. Тој е првата жртва на Одредот.[2]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.