Горно Дупени е село во областа Преспа. Од градот Ресен селото е оддалечено 6км. Околни села се Стипона од запад, Евла и Ресен од север, Царев Двор од исток и од југ со Дрмени.
Името Дупени е добиено со топонимизација на етникот во множина 'дупјани', луѓе што доаѓаат од местото дупа, со значење вдлабнато место, дупка.
Во XIX век селото било дел од нахијата Горна Преспа на Битолската каза на Отоманското Царство.
Три лица, односно Танас Георгиевски, Ѓорѓи Тасевски и Славе Цветковски загинале како партизани за време на НОБ во Втората светска војна.[2]
Доселеници:Чифчиовци (2 к.) доселени се од селото Свиништа кај Охрид; Личовци (1 к.) доселени се од селото Покрвеник, а таму од селото Туминец во Мала Преспа; Јошевци (1 к.) доселени се од селото Шурленци; Камшиговци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Кривени, таму припаѓале на родот Марчевци; Албанци (1 к.) доселени се во 1934 година од селото Туминец; Прдиковци или Јошнаковци (9 к.) доселени се од некое место во Тиквеш; Ќировци (1 к.) доселени се од селото Бела Црква; Славевци (1 к.) доселени се од селото Перово; Балтовци (1 к.) доселени се од селото Велгошти кај Охрид; Шушевци (1 к.) доселени се од Бела Црква; Кукуловци (6 к.) доселени се од селото Туминец, каде имале роднини; Ѓештаковци (2 к.) доселени се од Горица во Мала Преспа, каде имале роднини, Ѓештаковци; Бибевци (1 к.) доселени се во 1938 година од селото Скребатно кај Охрид; Чабиловци (3 к.) доселени се кон крајот на XIX век од селото Шурленци; Стипонци (1 к.) доселени се во 1928 година од селото Стипона; Петрашиковци (1 к.) доселени се однекаде кон крајот на XVIII век.[13]
Урнатини на стара куќа во северозападниот дел на селото
Урнатини на стара куќа во северозападниот дел на селото
Во селото постои избирачкото место бр. 1625 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница. Во ова избирачко место е опфатено и селото Стипона.[14]
„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“