Горно Ѓуѓанци
село во Општина Свети Николе From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Свети Николе From Wikipedia, the free encyclopedia
Горно Ѓуѓанци (порано: Горно Ѓуѓанце) — мало село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.
Горно Ѓуѓанци Горно Ѓуѓанце | |
Поглед кон селото | |
Координати 41°59′36″N 21°59′07″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Свети Николе |
Област | Овче Поле |
Население | 3 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2220 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 24007 |
Надм. вис. | 590 м |
Горно Ѓуѓанци на општинската карта Атарот на Горно Ѓуѓанци во рамките на општината | |
Горно Ѓуѓанци на Ризницата |
Името на селото доаѓа од соседното пониско село Ѓуѓанци (Долно), кое било постаро.[2]
Ова мало село се наоѓа во областа Овче Поле, во крајниот северен дел на територијата на Општина Свети Николе, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Куманово.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 590 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 17 километри, а од регионалниот пат Свети Николе-Куманово околу 9 километри.[3]
Селото се наоѓа во долина на доста неповолна положба, а околното земјиште е подложно на свлечишта. Во минатото се срушиле повеќе куќи, а во свлечиштата биле зафатени овоштарници и ниви. Во близина на селото се наоѓа селото Долно Ѓуѓанци на југозапад, Кокошиње на северозапад и Строиманци на исток. Мештаните се снабдувале со вода за пиење од една чешма и еден бунар. Околу селото има и неколку кладенци и бунари.[2]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Лингура, Маџаров Рид, Горна Црква, Благи Дол, Банев Рид, Средни Рид, Дренов Дол, Падина, Црвен Брег и Мртвица.[2]
Селото има разреден тип. Некои групи на куќи во селото се нарекуваат по родовите кои живеат во нив, како Кушевци, Тангарци, Спаскови, Нешовци и други.[2]
До селото се пристапува преку соседното село Долно Ѓуѓанци каде завршува асфалтниот пат и до Горно Ѓуѓанци води земјен пат.
Над селото се наоѓа карпест рид Дрма, каде што според мештаните се наоѓало градиште и се наоѓаат остатоци од еден одбранбен ѕид во помал обем. Таму, мештаните се собирале за Илинден, каде што се наоѓале два камени крста.[2]
Југозападно од селото се наоѓа црква во рушевини, додека уште една црква во рушевини се наоѓа над селото. Остатоци од старини се наоѓаат и на месноста Мртвица, околу 500 метри пониско од селото. Овие цркви и старини припаѓале на селото, кое постоело пред денешното. Кога истото пропаднало, денешните мештани не го знаат.[2]
Денешното село е младо, населено најпрвин од двата македонски рода: Кушевци и Васевци. Подоцна се доселиле и други македонски родови.[2]
Во XIX век, Горно Ѓуѓанци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.
Во 2014 година на селото му е вратено неговото старо име Горно Ѓуѓанци.[4]
Атарот зафаќа простор од 8,6 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 426,9 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 283 хектари, а на шумите 132,3 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]
До крајот на отоманската власт, двете села Горно и Долно Ѓуѓанци припаѓале на Мемед-бег, населен во Кратово. Потоа, тој бил наследен од синот Мустафа и внукот Назим. Назим-бег од 1912 до 1918 година ја продал целата земја на селаните, кои дотогаш ја обработувале.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Горно Ѓуѓанци имало 110 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Горно Ѓуѓанци имало 160 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]
Селото е мало и во 1961 година броело 178 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 11 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Горно Ѓуѓанци живееле само 3 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 110 | 160 | 198 | 211 | 178 | 91 | 37 | 18 | 11 | 3 | 3 |
Горно Ѓуѓанци е македонско село.[2]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:
Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Павлешенци, во која покрај селото Горно Ѓуѓанци, се наоѓале и селата Габреш, Градиште, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Кутли Бег, Кучкарево, К’шање, Павлешенци, Пезово, Стањевци и Строиманци. Селото припаѓало на Општина Долно Ѓуѓанци во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци, Кокошиње, Павлешенци, Строиманци и Стрњевец.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1694 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Долно Ѓуѓанци. Во ова избирачко место влегуваат селата Горно Ѓуѓанци, Долно Ѓуѓанци и Строиманци.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 96 гласачи.[14]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 90 гласачи.[15]
Во минатото во селото имало две цркви и двете сега срушени. Едната кај денешните селски гробишта, а втората над селото во месноста Горна или Пуста Црква.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.