Гауја
река во Латвија и Естонија From Wikipedia, the free encyclopedia
река во Латвија и Естонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Гауја (латвиски: Gauja, естонски: Koiva jõgi, германски: Livländische Aa) — река во областа Виѕеме, Латвија.[1] Ова е единствената голема река што почнува и завршува во Латвија (Даугава/Западна Двина е долга преку 1.000 км, но само 367 км се во Латвија). Долга е 460 км, од кои 93,5 км се наоѓаат во Националниот парк Гауја. Во овој дел таа тече низ нејзината долина, широка 1 до 2,5 км, и кај Сигулда достигнува длабочина од 85 м.
Гауја | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Виѕемско Возвишение |
• надм. вис. | 234 м |
Устие | Ришки Залив |
• место | Царникава |
• координати | 57°09′33″N 24°15′59″E |
Должина | 452 км |
Големина на сливот | 9.800 км2 |
Проток | |
• просечен | 71 м3/с |
Особености на сливот |
Песочничките карпи на бреговите на Гауја и соседните реки почнале да се образуваат пред 370 до 300 милиони години за време на девонот.
Пред XIII век Гауја била трговски пат и погранична река меѓу Ливонија и Латгалија. Кога по нејзините брегови и крај морето сè уште се говорело ливонски, реката се нарекувала Коиво (Koivo) т.е. „Брезова Река“. Латвиското има Гауја значело „голема количина“ или „толпа“. Ливонците доста настрадале во Големата северна војна и во чумата во XVIII век. Во овој период преостанатото ливонско население се асимилирало во Латвијците.
Гауја брзо го менува своето корито и затоа се смета за „лажлива“. Коритото е сочинето од незацврстени талози на песок и грагор кои се двиажт заедно со струјата. На некои места коритото е каменливо, образувајќи слапови со големи камења; такви се Казу, Рајскума, Ракшу и Ќуќу. Дното на реката во Националниот парк Гауја е широко 60 до 120 м со нагло променлива длабочина од 0,3 до 7 м. Има наклон од 0,5 м/км. Брзината на текот при низок водостој е 0,2 до 0,4 м/с, а пролетно време се движи со 2 до 3 м/с. Поради колебањата на водостојот, брзината на струјата и посебностите на текот, Гауја може да се смета за нерамномерен водотек.
Реката обично замрзнува кон средината на декември, и мразот почнува да попушта на крајот на март. Ако зимата е блага, водата не замрзнува. Гауја ја напојуваат многу подземни води, и затоа е постудена од другите поголеми реки во Латвија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.